Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шерон Стоун (64) за природното стареење: „Не правам корекции, но ми ги зголемија градите без моја дозвола“

„Правев операција за реконструкција на градите по отстранување на бенигни тумори, а кога се разбудив забележав дека хирургот ми ги зголемил без моја дозвола“, открива 64-годишната Шерон Стоун која вели дека не сака да користи третмани за разубавување и изгледа одлично само затоа што се грижи за здравјето.

sheron-stoun-64-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-pravam-korekcii-na-liceto-no-mi-gi-zgolemija-gradite-bez-moja-dozvola-01.jpg

На 64 години, Шерон Стоун изгледа неверојатно. Актерката гордо ги носи своите години и воопшто не пробува да ги скрие промените кои доаѓаат со возраста, како брчки и целулит.

Всушност, таа редовно споделува фотки на Инстаграм во бикини на кои не ги крие „несовршеностите“.

Актерката го сака нејзиниот природен изглед и неколкупати има изјавено дека годините воопшто не ја загрижуваат.

Шерон Стоун тврди дека не користи ботокс, филери и слични третмани за разубавување.

„Многу доктори пробуваат да ми продадат лифтинг. Еднаш дури и ме убедија, но потоа погледнав фотографија од мене и си помислив: „Па што има да средуваат?‘

Да, сум била близу до тоа да направам корекција, но сметам дека има нешто убаво во несовршеностите“.

Актерката вели и дека воопшто не ѝ е грижа што нејзиното лице се менува.

„Луѓето се плашат од промени, страв им е дека ќе изгубат нешто. Но, не сфаќаат и дека добиваат.

На пример, веќе немам лице како порано, но сега имам одлични јаболкници“.

Но, актерката има направено пластична операција на градите. Сепак, вели дека ова не било со нејзина дозвола.

Шерон Стоун го сподели вознемирувачкото искуство во нејзините мемоари The Beauty of Living Twice.

Во 2001 година актерката имала операција за отстранување бенигни тумори од нејзините дојки, а потоа ѝ правеле и реконструкција. Но, по операцијата забележала дека нејзините гради се многу поголеми:

„Кога ми ги извадија завоите, забележав дека имам многу поголеми гради. Хирургот ми рече дека ’вака изгледале подобро со моите колкови‘.

Тој ми го промени телото без да знам и без да добие дозвола од мене“.

Кога станува збор за изгледот, актерката вели дека не е многу опседната и дека само пробува да се грижи за своето здравје, а некогаш вежба и по петпати неделно.

Најчесто вежба пилатес и јога, а прави и вежби со тегови.

„Секојпат кога вежбам, пробувам нешто ново во зависност од делот на телото што треба да го раздвижам“.

Актерката исто така пробува и да се храни здраво. Сака да јаде овошје и зеленчук, пилешко месо и риба.

Таа истакнува дека не си забранува ништо, единствено внимава да биде умерена.

Шерон вели и дека забележала подобрување во изгледот откако престанала да пие алкохол.

„Никогаш не сум пиела многу алкохол. Но, пред неколку години почнав да вежбам и сакав целосно да се откажам од алкохол.

Ја гледав Мадона – на иста возраст сме – и го прашав тренерот што правам погрешно. Му реков да открие што прави таа за да изгледа така.

Тренерот ми рече дека не пиела алкохол. Па, решив три месеци да не пијам воопшто и забележав голема разлика!“

Повеќе фотки од актерката на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Шерон Стоун за мозочниот удар: „Сите мислеа дека ќе умрам – ми ги снема милионите од сметка“ „Имав 18 милиони долари заштеда, но кога си ја проверив сметката – немаше ништо....
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg