Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шерон Стоун за мозочниот удар: „Сите мислеа дека ќе умрам – ми ги снема милионите од сметка“

„Имав 18 милиони долари заштеда, но кога си ја проверив сметката – немаше ништо. Дури ниту фрижидерот, ниту телефонот веќе не беа на мое име“ – раскажува Шерон Стоун за периодот кога по мозочниот удар, нејзините блиски уверени дека ќе умре, разграбале сè што таа имала на сметката.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-01.jpg

Холивудската актерка Шерон Стоун (66) е една од ретките ѕвезди што денес отворено може да каже дека била вратена од мртвите.

Беше меѓу личностите што Холивуд „ги отпиша“, се бореше за сопствениот живот, а во шестата деценија од животот успеа да се избори за својата кариера и пак да се врати на големото платно.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-05.jpg

Повеќето знаат дека оваа актерка по тешкиот мозочен удар на 43 години (во 2001) морала да се бори со амнезија, да се учи повторно да оди и да зборува.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-08.jpg

Сега во интервју за Hollywood Reporter, раскажува дека додека поминувала низ овој тежок период во животот, се соочила со уште еден проблем – нејзината заштеда преку ноќ ја снемало.

На прашањето колку овој мозочен удар ѝ го променил животот Шерон вели:

„Целосно. Сто отсто. Будистички свештеник еднаш ми рече дека сум се реинкарнирала во истото тело. Ја доживеав смртта и ме вратија назад.

Мозокот ми крвавеше 9 дена, па затоа се помести во предниот дел кон лицето.

Мозокот не ми беше на истата позиција, каде што бил претходно.

И додека тоа беше така, сè се промени. Чувството за мирис, видот, чувството за допир.

Не можев да читам неколку години. Ги гледав работите изобличено и гледав чудни бои.

Многу луѓе веруваа дека ќе умрам“ – раскажува актерката.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-03.jpg

По мозочниот удар, предизвикан од аневризам, на Шерон ѝ биле потребни цели седум години за да закрепне и да се врати во топ форма, но како што вели, во овој период, имала можност и да се увери во искреноста на луѓето околу неа.

„Да, луѓето ме искористија во тоа време. Имав 18 милиони долари заштеда, благодарение на мојот успех, но кога повторно си ја проверив сметката – немаше останато ништо.

Дури ниту фрижидерот, ниту телефонот веќе не беа на мое име. Балансот на сметката ми беше нула“ – раскажува таа.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-06.jpg

Освен што останала без пари, Шерон морала да води и битка за старателство над синот Роан Џозеф Борнстајн.

Таа успеала да го врати старателството над синот, а 5 години по мозочниот удар го сними филмот Basic Instinct 2 со Том Хенкс, со кој се врати на големото платно.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-04.jpg

Сега, речиси 24 години по најтешкиот период во нејзиниот живот, таа успеала повторно да собере богатство од околу 40 милиони долари.

На прашањето како успеала да се исправи и да застане на нозе откако луѓето околу неа ја изневериле, Шерон вели:

„Одлучив да живеам во сегашноста и да заборавам. Одамна одлучив дека ми е смачено да бидам огорчена или гневна.

Ако постојано се држите до огорченоста, таа нема да ве напушти.

Но, ако имате верба, па дури и ако таа верба е колку едно мало зрнце, ќе преживеете. Затоа сега живеам за да уживам. Живеам за мојата цел“ – вели актерката.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-09.jpg

Инаку Шерон важи за една од најпаметните личности во Холивуд, а нејзиниот живот е одбележан со голем број подеми и падови.

Таа во една пригода појасни дека мозочниот удар кај неа се јавил како последица на тоа што лекарите на превентивниот преглед не го детектирале крвавењето на мозокот.

sheron-stoun-za-mozochniot-udar-site-mislea-deka-kje-umram-mi-gi-snema-milionite-od-smetka-07.jpg

Повеќе факти за неа и за нејзиниот живот, прочитајте ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Шерон Стоун: „Ме тераа да имам секс со Били Болдвин приватно за да глумиме подобро во филм“ „Дали Шерон Стоун сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли тоа што ја одбив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg