По мозочен удар морала да учи да говори и да оди, а сопругот ја оставил и ѝ го одземал синот – Факти за Шерон Стоун
Кога продуцентите ѝ ја доделиле улогата, нејзиниот колега Мајкл Даглас одбивал да игра во филмот затоа што сметал дека на нејзиното место треба да бидат Мишел Фајфер или Деми Мур. Сепак филмот е снимен со нив двајца и за брзо време стана вистински хит.

Таа самата раскажува дека воопшто не можела да се носи со брзата слава што ѝ ја донел филмот, па заради тоа морала да посетува психијатар. Како што вели најтешко ѝ било да направи разлика помеѓу себеси и ликовите што ги игра во филмовите.

Се верува дека Стоун е една од најпаметните актерки во Холивуд со IQ од 154, а честопати ја споредуваат со Илон Маск кој има IQ од 155. Благодарение на интелигенцијата на 15 години се запишала на Универзитет за уметност и литература, но тогаш не ги завршила студиите.
Интересно е тоа што во 2016-та година, на возраст од 58 години се вратила на истиот универзитет за да се стекне со диплома.

Во филмот The Quick and the Dead толку многу сакала да му помогне на Леонардо Ди Каприо да се пробие што неговиот хонорар го платила од сопствениот џеб. Се смета дека овој е еден од филмовите што ќе му помогнат да ја започне успешната кариера.

Актерката двапати била во брак. Од 1984-та до 1987-ма била во брак со продуцентот Мајкл Гринбург, а од 1998-мата до 2004-та била во брак со новинарот и уредник Фил Бронстајн.

Многу сакала да биде мајка, но не била во можност, па во 2000-та година, на возраст од 42 години одлучила да го посвои синот Роан Џозеф Бронстајн. Само една година потоа имала силен мозочен удар предизвикан од аневризма на мозокот, па актерката се соочила со амнезија, а морала повторно да учи да оди и да говори.

По ова следел уште еден удар за актерката кога се развела со сопругот, а тој успеал во целост да ѝ го одземе старателството над синот:
„Паднав на најголемите испити во животот. Не успеав да си го сочувам здравјето, не успеав да си го спасам бракот, имав многу падови, но успеав да се кренам и да продолжам понатаму“ – изјави таа во една прилика.

По ова Шерон Стоун посвои уште два сина, а максимално се труди да ја сочува нивната приватност и ретко објавува нивни фотографии на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“...
Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ...
„Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...