Ја згреши националната химна, тврдеше дека Пике не ѝ дозволува да снима секси спотови – 8 скандали со кои Шакира беше актуелна

Во 2017-та година заедно со колумбискиот пејач Карлос Вивес ја испеаја песната La Bicicleta што беше брз хит, но заради него пејачката се соочи со проблеми. Музичарот Рафаел Кастеланос го обивни дуото за плагијат и тврдеше дека песната користи сличен текст и ритам како неговата песна од 1997-ма година Yo Te Quiero Tanto. И за оваа песна Шакира мораше повторно да се појави пред суд.

Песната со Ријана Can’t Remember To Forget You беше вистински хит, но наиде на осуда кај голем број од политичарите и кај властите во нејзината родна Колумбија.

Советникот во Богота Марко Фидел Рамирез ја нарече песната „воздигнување на лезбејската заедница“, по што отпочна кампања за забрана за емитување на видео спотот на националната колумбиска телевизија.

ja-zgreshi-nacionalnata-himna-tvrdeshe-deka-pike-ne-i-dozvoluva-da-snima-seksi-spotovi-8-pati-koga-shakira-beshe-aktuelna-so-skandali-07.jpg

Во 2017-та година на пејачката ѝ беше укажана чест да ја испее химната на Колумбија на лидерскиот самит познат како Cumbre de las Américas. Настанот се одржа во Картагена, Колумбија, каде присуствуваа голем број политичари, меѓу кои и тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

Шакира згреши повеќе зборови од националната химна, по што предизвика гнев кај голем број од нејзините сонародници.

ja-zgreshi-nacionalnata-himna-tvrdeshe-deka-pike-ne-i-dozvoluva-da-snima-seksi-spotovi-8-pati-koga-shakira-beshe-aktuelna-so-skandali-04.jpg

Во 2020-та година Шакира настапуваше на Super Bowl заедно со Џенифер Лопез. Додека двете пејачки во тоа време беа мошне популарни, Џеј Ло се бунела затоа што треба да ја дели сцената со Шакира и барала да настапува соло.

Над 1.300 гледачи упатија јавни критики затоа што сметаа дека облеката на пејачките не е соодветна за деца.

Најголемиот проблем со којшто пејачката се соочува е обвинението за затајување данок. Според властите во Шпанија, таа во периодот од 2012-та, 2013-та и 2014-та година не платила данок за 17-те милиони долари што ги заработила додека живеела во земјата. Пејачката се соочува со околу осум години затвор доколку се докаже дека навистина е виновна.

ja-zgreshi-nacionalnata-himna-tvrdeshe-deka-pike-ne-i-dozvoluva-da-snima-seksi-spotovi-8-pati-koga-shakira-beshe-aktuelna-so-skandali-09.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg