Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како Амбер Херд е виновна за пропаста на Кара Делевињ?

На фотографиите во последно време убавицата Кара Делевињ изгледа непрепознатливо - едвај стои на нозе и фановите заклучуваат дека очигледно ѝ е потребна помош. Таа има дијагноза биполарно растројство и депресија, но како љубовната врска со Амбер Херд ѝ беше капак на сè – милијардери, секс во тројка, дрога?

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-01.jpg

Кара Делевињ (30) беше еден од најплатените модели на светот, сè додека не почна да ги загрижува сите со својот изглед и скандалозно однесување, кои посочуваат на тоа дека минува низ тежок период.

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-14.jpg

Таа во повеќе пригоди во последно време е фотографирана во ужасно издание и изгледа како да е под дејство на опијати. Буквално, едвај стои на нозе и фановите заклучуваат дека очигледно ѝ е потребна помош.

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-04.jpg

Поради нејзината состојба биле загрижени и нејзиното семејство и пријатели, но британската манекенка наводно по секоја цена се обидува да избегне рехабилитација.

Кара веќе години наназад се бори и со биполарно растројство и депресија.

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-001.jpg

Неодамна таа говореше и дека е под огромен стрес и дека навистина има проблеми со менталното здравје.

Вели дека детството полно трауми од растење со мајка - зависник од хероин, ѝ било навистина тешко затоа што постојано живеела во страв, со токсични односи и често недостиг од мајчина љубов.

Таа вели дека кога наполнила 30 години, како да почнале уште посилно да ѝ се враќаат траумите од детството.

„Секој има нешто низ кое минува со своето семејство. Чувствувам дека мојот живот беше навистина стресен, имаше многу хаос и не бев сигурна дали некои луѓе се добри или не“

Но, сега во целата приказна се појави и едно добропознато име – Амбер Херд.

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-11.jpg

Во странските медиуми кружат гласини дека Кара била љубовница на Амбер за време на нејзиниот краток и бурен брак со Џони Деп, а за време на судскиот процес околу разводот на Амбер и Деп се споменуваше и секс во тројка на Илон Маск, Кара и Амбер, иако милијардерот повеќепати го негираше тоа.

kako-amber-herd-e-vinovna-za-propasta-na-kara-delevinj-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Амбер Херд без шминка со ќерката Уна во Шпанија, по обвинувањата дека воопшто нема дете (фото) По гласините дека изнајмува деца за да се преправа дека е мајка, Амбер Херд беше...
Се бори со анорексија, во лоши односи е со Амбер Херд – што знаеме за ќерката на Џони Деп? „Мојот татко е најмилата и најљубезната личност што ја познавам. Го предупредив ...
Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги сле... Се шпекулира дека Илон Маск е татко на ќерката што Амбер Херд минатата година ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg