Амбер Херд емотивна за последиците од судењето со Џони Деп, јавноста ја критикува: „Ја изгубив способноста за зборување“
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
Во нов документарец, Амбер Херд зборува за судењето со Џони Деп кое воопшто не се одвиваше во нејзина корист. 39-годишната актерка, која побегна во Шпанија и живее со своите три деца, стои на ставот дека таа била жртва, а дека Џони ја замолчил со тужба за клевета.

Речиси четири години по судењето, Амбер Херд прозборе за судската битка со поранешниот сопруг Џони Деп.
На судењето во 2022 година беше одлучено дека Амбер треба да му плати 10 милиони долари на Џони Деп, а тој неа да ѝ плати 2 милиони.
Судењето се одвиваше пред камери и ѝ даде можност на јавноста да ѕирне во најинтимните, но и најбизарните детали од бракот на Џони и Амбер.
Амбер практично си ја уништи репутацијата со целата драма, па по завршувањето на судењето реши да се повлече од јавност.
Се пресели во Шпанија каде се грижи за своите три деца и се досега одбиваше да зборува за судењето.
Но, Амбер се појавува во документарен филм кој премиерно беше прикажан викендов, на филмскиот фестивал Sundance.
Документарецот насловен Silenced се фокусира на мажи кои се обвинети за насилство, но ги искористиле тужбите за клевета со цел да ги замолчат жените кои се нивни жртви.
За потсетување, Амбер тврдеше дека Џони Деп бил насилен во нивниот брак, а обвиненијата ги изнесе во британскиот весник The Sun.
Џони го тужеше весникот за клевета, а потоа почна и судска битка со Амбер.
Во документарецот се појавува адвокатката Џенифер Робинсон која работеше на случајот со Амбер.
„Ова не е за мене. Јас ја изгубив мојата способност за зборување. Јас не сум овде да ја раскажам мојата приказна. Јас не сакам да ја раскажам мојата приказна.
Впрочем, повеќе не сакам да го користам мојот глас. Тоа е проблемот“, вели Амбер во документарецот.
Амбер додава дека за неа, судењето било безизлезна ситуација.
„Кога првпат ја сретнав Џенифер Робинсон, знаев дека таа ја гледа големата слика.
Она што ми се случи е засилена верзија на траумата што ја преживуваат многу жени“.
Додека траеше судењето, Џони Деп изгуби неколку улоги, но добиваше поддршка од фановите, но и поранешните партнерки.
Амбер, од друга страна, продолжи да работи, сè до пресудата.
„Се сеќавам на крајот на судењето, се појави идејата дека можам да кажам нешто за медиумите. Адвокатката ме праша дали сум сигурна…
Не сфатив дека може да биде уште полошо за мене, како жена, да го користам својот глас“.
На крај, Амбер вели дека и покрај нејзиното искуство, не губи надеж.
„Ми дава сила тоа што гледам други луѓе кои ја преземат битката. Жени кои се доволно храбри да ја спомнат нерамнотежата на моќ“.
Судењето дефинитивно не беше во прилог на Амбер и голем дел од јавноста ја изгуби довербата во неа.
По спогодба, таа му исплати само еден милион долари на Џони Деп, кој, пак, ги донира парите во неколку добротворни организации.
Поголемиот дел од јавноста не верува во зборовите на Амбер ниту во новиот документарец.
„Пак ли истото… Не направила ништо, таа е жртва, пак ќе го обвинува Џони Деп и ќе си добие уште една тужба“.
„Мислам дека генерално ја интересирале пари. Сепак, се гледаше и со Илон Маск“.
„Имаш пари, деца и живот каков што многу луѓе сонуваат да имаат. Престани да зборуваш со медиуми“.
„Ниту една личност што го гледала судењето нема да поверува дека е невина. Но, точно е дека и двајцата направиле грешки“.
Спирова С. | Црнобело