Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кулио (59), раперот кој ја сними „Gangsta’s Paradise“, пронајден мртов во тоалетот на пријател – не е позната причината за смртта

Раперот Кулио (59) кој го сними култниот хит Gangsta’s Paradise беше пронајден мртов во тоалетот на неговиот пријател. Засега не е позната причината на смртта, но наводно нема знаци на насилство, ниту знаци дека раперот користел наркотици.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-01.jpg

Раперот Кулио, најпознат по хитот Gangsta’s Paradise, почина во среда, 28-ми септември, на 59-годишна возраст.

Според TMZ, кои меѓу првите ја пренесоа веста, вчера попладне раперот бил на гости кај негов пријател во Лос Анџелес и бил пронајден мртов во тоалетот.

Раперот бил на подот од тоалетот и не давал знаци на живот, а од брзата помош утврдиле дека неговото срце не чука.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-02.jpg

Наводно, Кулио бил прогласен за мртов во тоалетот, но за јавноста уште не е позната причината за смртта.

Според изворите на TMZ, во домот на пријателот немало докази дека раперот користел наркотици или лекови и наводно се чекаат резултатите од аутопсијата и другите испитувања за да се утврди точната причина за неговата смрт.

Истовремено, не биле забележани знаци на насилство.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-06.jpg

Хитот Gansta’s Paradise, кој до денес е популарен, беше дел од вториот албум на раперот, како и дел од саундтракот за филмот Dangerous Minds, каде што една од главните улоги ѝ припаѓа на Мишел Фајфер.

Актерката беше меѓу првите која искажа сочувство на социјалните мрежи, споделувајќи ја култната песна.

„Ми се скрши срцето кога слушнав за смртта на талентираниот артист Кулио. Живот кој згасна премногу рано.

Како што некои од вас знаете, имав среќа да соработувам со него на Dangerous Minds во 1995 година. Тој освои Греми награда за оваа прекрасна песна – која мислам дека е причината зошто филмот беше толку успешен.

Се сеќавам дека тој беше милостив. 30 години подоцна, уште се ежам кога ја слушам песната. Испраќам љубов до неговото семејство“, стои во описот на Инстаграм објавата.

Хитот на Кулио во 1995 година беше на врвот на топ-листите во САД, Англија, Франција, Ирска, Австралија и Нов Зеланд и беше продаден во над 6 милиони копии ширум светот.

За жал, раперот не го повтори успехот на Gangsta’s Paradise, па иако одржуваше концерти, стана и професионален готвач.

Најверојатно раперот немал проблеми со здравјето, бидејќи последен пат настапуваше на 18-ти септември годинава во Чикаго.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-05.jpg

Изминативе неколку месеци тој беше забележуван и на разни локации низ САД, а на фотографиите изгледаше како да е во добра состојба.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-04.jpg

Раперот беше во брак еднаш, со Џозефа Салинас, и тоа од 1996 до 2000 година. Тие добија четири деца пред да се разведат.

Раперот има уште шест други деца, но не е познато кои се нивните мајки.

Всушност, малку се знае за неговото семејство бидејќи Кулио отсекогаш пробувал да го скрие од јавноста.

kulio-59-raperot-koj-ja-snimi-gangsta-s-paradise-pronajden-mrtov-vo-toaletot-na-prijatel-ne-e-poznata-prichinata-za-smrtta-03.jpg

Социјалните мрежи се преплавени со објави и коментари за сочувство:

Ganststa’s Paradise. Почивај во мир“, напиша Снуп Дог на Инстаграм објавата.

„Ова се тажни вести. Од прва рака видов како овој човек се измачи за да се искачи на врвот на индустријата. Почивај во мир Кулио“, напиша Ice Cube на Твитер.

„Еден од најдобрите луѓе што сум ги знаел. Добар човек. Почивај во мир Кулио“, гласи објавата на раперот MC Hammer.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има биполарно растројство, заради зависноста од дроги не смеел да го гледа синот - Факти за Жан Клод... Со години бил зависник од дрога, јавно призна дека ја изневерил сопругата со Кај...
Камерон Диаз снимила порно-филм на 19 години и уште 9 познати личности со мрачно минато Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, 50 Cent бил застрелан деветпати, а Ал...
Тревис побарал дозвола да се ожени со Кортни, на гробот на татко ѝ, не ѝ ги викнал децата – нови дет... Тревис Баркер побарал дозвола од Крис Џенер, но и од починатиот татко на Кортни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg