Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кетрин Зита-Џонс и уште 7 познати личности кои беа во ментална установа

Мараја Кери

Во раните 2000-тити, Мараја Кери имаше „нервен слом“ додека беше на телевизиско шоу што се емитуваше во живо.

Тој период, на нејзиниот веб-сајт таа пишуваше и необични пораки кои укажуваа дека можеби не е во најдобра состојба.

По инцидентот во телевизиското шоу, мајката на пејачката ја однела во ментална институција за да ѝ помогне.

Тогаш Мараја велеше дека отишла во болница поради премор, но подоцна беше потврдено дека била изложена на многу стрес, по што драстично ѝ се влошило менталното здравје.

Денес пејачката е во добра состојба, но одбива да го коментира настанот.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-06.jpg

Бритни Спирс

Животот на Бритни Спирс тргна во надолна линија по хоспитализацијата во психијатриска установа.

Според некои извори, пејачката била хистерична и одбивала да му ги даде децата на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Поради ова, два дена ѝ правеле ментална евалуација.

Бидејќи експертите дошле до заклучок дека претставува опасност за себе, таа беше затворена во психијатриска установа.

По излегувањето од установата, таткото на Бритни добри контрола над сите нејзини средства, а битката да се ослободи од оваа контрола траеше до неодамна.

Бритни тврди дека воопшто немало потреба да оди во установа, ниту некој да ги контролира нејзините средства, и татко ѝ само ја искористил за пари.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-07.jpg

Стивен Тајлер

Фронтменот на Aerosmith беше во ментална институција во 1980-тите, во период кога пробуваше да се откаже од пороците.

По разговор со членовите на бендот, пејачот сфатил дека неговата зависност е надвор од контрола, па самиот се пријавил во институцијата.

Потоа тој беше трезен со децении, но во 2009 година повторно отиде на рехабилитација поради зависност од лекови против болка.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-08.jpg

Кетрин Зита-Џонс

Во 2011 година, кога сопругот на актерката – Мајкл Даглас – се бореше со рак на грлото, таа реши да оди во ментална установа.

Актерката има биполарно нарушување, а симптомите ѝ се влошиле поради здравствената состојба на сопругот.

Во 2013-та, таа прозборе за целото искуство:

„Биполарното нарушување е проблем со кој се справувам долго време. Кога ќе се соочите со проблем како болеста на Мајкл, ќе излезете од колосек – не спиев, се грижев, бев под стрес.

Знам дека не сум единствената личност која страда од нарушувањето. Па, се надевам дека ќе помогнам некому со тоа што зборувам за ова“.

ketrin-zita-dzhons-i-ushte-7-poznati-lichnosti-koi-bea-vo-mentalna-institucija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg