Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Важи за најзгодниот Италијанец и најпосакуваниот ерген – Кој е Џулио Берути?

Важи за еден од најубавите италијански актери. Дипломирал за стоматолог, но одлучил да заплови во актерските води и да се занимава само со глума. Кој е Џулио Берути, италијанскиот актер кој мами воздишки кај женската публика?

vazhi-za-najzgodniot-italijanec-i-najposakuvaniot-ergen-koj-e-djulio-beruti-01.jpg

Италијанскиот актер Џулио Берути (38) е еден од најпознатите и најзгодните италијански актери. Тој е свршеник на познатата италијанска политичарка Марија Боски.

Џулио во моментов е популарен како актер кој ја толкува главната улога во екранизацијата на популарниот еротски роман Gabriel’s Inferno која се емитува на американската стриминг платформа Passionflix каде се емитуваат филмови направени според најпознатите еротски романи.

Џулио во родната Италија со години наназад го привлекува вниманието со учеството во голем број италијански ТВ серии и филмови.

За него се знае дека потекнува од семејство на татко офталмолог и мајка адвокат, а уште во средно образование одлучил да ги следи стапките на татко му и да се образува во полето на медицината.

Во 2010-та година дипломирал на факултетот за стоматологија, по што бил и на специјализација во 2015-та година.

Додека бил на факултет Џулио паралелно се посветил и на неговата втора љубов, глумата, па така почнал да посетува повеќе курсеви и часови.

Во 2003-та година имал кратка епизодна улога во холивудскиот филм The Lizzie McGuire Movie со Хилари Даф, по што следувале улоги во голем број италијански серии и филмови.

Во Италија, Џулио денес важи за најпосакуваниот ерген иако веќе подолго време е свршен со неговата девојка Марија Боски, а тамошните медиуми постојано шпекулираат за тоа кога ќе биде свадбата.

Претходно актерот беше во врска со повеќе актерки, а со австриската актерка Франческа Кирчмар беше свршен околу 3 години. Иако никогаш не говореше јавно за своите врски, актерот тогаш за првпат јавно кажа дека ја раскинале свршувачката.

„Бев свршен со една девојка од Австрија 3 години, но денес оваа врска е на пауза. Тоа беше убава врска и сѐ уште имам надежи. Тешко ја прифаќам загубата“ – рече во таа прилика Џулио.

Инаку, италијанскиот актер редовно објавува фотографии на Инстаграм со кои мами воздишки кај женската публика.

Погледнете дел од нив:

Уште фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg