Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џорџина ја покажа божиќната бајка во домот во Англија, откако Роналдо ја купи најскапата куќа во Португалија (видео)

Камин во кој гори оган, елка,  огромна елка со лампиони и голем број светилки кои ги управуваат од телефон... Вака изгледа домот на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез во пресрет на божиќните празници. Парот наскоро ќе се сели во Португалија, но тоа не е причина да не го уредат домот во Англија во духот на празниците.

djordjina-se-pofali-so-bozhikjnite-dekoracii-vo-domot-vo-anglija-otkako-ja-kupija-najskapata-kukja-vo-portugalija-video-01.jpg

Според пишувањата во светските медиуми ова најверојатно ќе биде последниот Божиќ што семејството на Кристијано Роналдо ќе го помине во нивниот дом во Англија, па Џорџина ја искористила шансата да направи божиќна бајка во куќата. 

djordjina-se-pofali-so-bozhikjnite-dekoracii-vo-domot-vo-anglija-otkako-ja-kupija-najskapata-kukja-vo-portugalija-video-02.jpg

Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез се пофали на Инстаграм со божиќната декорација на нивниот дом во Манчестер, а како што можеме да видиме од краткото видео, освен големата елка под која има розов автомобил кој е мини верзија на Bugatti Veyron и светлечки подароци, целиот дом е декориран со сијалички што може да се контролираат со паметен телефон.

djordjina-se-pofali-so-bozhikjnite-dekoracii-vo-domot-vo-anglija-otkako-ja-kupija-najskapata-kukja-vo-portugalija-video-03.jpg

Инаку, се очекува дека Роналдо од јануари 2023-та година нема да ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, а според дел од светските медиуми семејството веќе купило куќа во Португалија, која во моментов се реновира.

djordjina-se-pofali-so-bozhikjnite-dekoracii-vo-domot-vo-anglija-otkako-ja-kupija-najskapata-kukja-vo-portugalija-video-04.jpg

За да ја купи куќата во Португалија, Роналдо морал да одвои 11 милиони евра, а по реновирањето, луксузниот имот би требало да достигне цена од 21 милион евра. Ова, во моментов е најскапиот имот во Португалија, што се очекува дека ќе биде завршен на почетокот на следната година.

djordjina-se-pofali-so-bozhikjnite-dekoracii-vo-domot-vo-anglija-otkako-ja-kupija-najskapata-kukja-vo-portugalija-video-05.jpg

Погледнете го видеото од божиќните декорации на домот на Кристијано Роналдо и Џорџина:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чек... „На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Парис Хилтон, Ентони Хопкинс: До темел изгорени домовите на холивудските ѕвезди од пожарите во Лос А... Парис Хилтон, Харисон Форд и Ентони Хопкинс се мал дел од познатите личности кои...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Се венчаа на 18 години, денес е во инвалидска количка: Која е првата сопруга на Меколи Калкин? Меколи Калкин и Рејчел Мајнер се венчаа на 18-годишна возраст. Поради возраста, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg