Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 познати дами кои отворено зборуваа за проблемите и предизвиците кои ги носи бременоста

Мараја Кери вели дека си го мразела телото по бременоста, па дури и се срамела од сопругот, додека Ен Хатавеј е згрозена од личните прашања што сите им ги поставуваат на бремените жени.

8-poznati-dami-koi-otvoreno-zboruvaa-za-problemite-i-predizvicite-koi-gi-nosi-bremenosta-01.jpg

Сите зборуваат за тоа каков благослов е бременоста, но само жените кои родиле се свесни дека бременоста е и огромен предизвик.

Неретко луѓето забораваат дека додека се бремени, жените се соочуваат со бројни непријатни симптоми, а и самото породување е далеку од пријатен момент.

Покрај тоа, по породувањето на телото му треба време да закрепне, а во меѓувреме жената мора да се грижи и за мало дете.

Сакајќи да ја натераат јавноста да сфати дека бременоста е предизвик за секоја жена, многу познати дами отворено зборуваат за проблемите со коишто се соочиле за време на бременоста и по породувањето.

Нивните искуства во продолжение:

Блејк Лајвли

Пред да го покаже трудничкото стомаче во септември 2022 година, Блејк Лајвли откри дека било особено тешко да се ослободи од вишокот килограми од претходните три бремености.

Таа истакна дека како секоја жена, постојано се споредувала со другите жени и се чувствувала мизерно.

Актерката изјави и дека ретко која жена ја добива потребната поддршка во текот на бременоста:

„Сите ве прашуваат како се чувствувате, но никој не сака да го слушне вистинскиот одговор“.

8-poznati-dami-koi-otvoreno-zboruvaa-za-problemite-i-predizvicite-koi-gi-nosi-bremenosta-02.jpg

Ејми Шумер

Познатата комичарка го доби првото дете во 2019 година и честопати зборува за проблемите во бременоста.

„Ми се повраќаше на секои пет минути додека возев. Ги презирам оние кои не ми кажаа како всушснот изгледа бременоста“.

8-poznati-dami-koi-otvoreno-zboruvaa-za-problemite-i-predizvicite-koi-gi-nosi-bremenosta-03.jpg

Гвинет Палтроу

Гвинет е мајка на две деца и навистина посакувала трето, но третата бременост завршила со спонтан абортус.

Првата бременост, пак, била критична и Гвинет се породила со царски рез, а вели дека до денес ја има лузната од операцијата.

Актерката отворено ја критикува јавноста која очекува жената да изгледа беспрекорно откако се породила. Таа дури истакна дека по бременоста, воопшто не изгледа како на фотките во магазините.

8-poznati-dami-koi-otvoreno-zboruvaa-za-problemite-i-predizvicite-koi-gi-nosi-bremenosta-04.jpg

Мараја Кери

Познатата пејачка доби близнаци во 2011 година.

Таа откри дека многу се здебелила и извесен период си го мразела телото, па дури и се срамела од нејзиниот сопруг.

8-poznati-dami-koi-otvoreno-zboruvaa-za-problemite-i-predizvicite-koi-gi-nosi-bremenosta-05.jpg

Уште четири познати дами на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Дали Викторија Бекам ќе успее да го врати семејниот мир и да се смири со снаата Никола Пелц? Викторија долго време беше централна фигура кај Бекамови, но кога нејзиниот син ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg