Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ники Минаж и Карди Би се степаа на Модната недела во Њујорк: Најголемите ривалства во светот на познатите

Мараја Кери и Џенифер Лопез

Добро познат факт е дека Мараја Кери е разгалена дива, и тоа уште од почетокот на кариерата.

Во раните 2000-ти, кога и таа и Џеј Ло го достигнуваа врвот на нивната слава, Мараја Кери, на некој начин, ја навреди Џеј Ло.

Во интервју, Мараја беше прашана за Џеј Ло, на што таа одговори:

„Не ја знам“.

Дури неколку години подоцна, Мараја се огласи во врска со интервјуто:

„Тоа беше многу одамна и не ми се верува дека уште се прави голема драма. Наводно, заборавам работи. И не реков дека не знам која е – секако дека знам“.

Сепак, поголемиот дел од јавноста е убеден дека Мараја само сакаше да ја навреди Џеј Ло, а според некои извори, пејачките не зборуваат до денес.

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-04.jpg

Парис Хилтон и Ким Кардашијан

Пред да стане светски позната, Ким Кардашијан работеше како асистент за Парис Хилтон.

Тие беа неразделни сè до 2008 година, кога Ким решила да го напушти работното место, а Парис ја навреди во интервју.

Тогаш Парис изјави дека задникот на Ким изгледал како „сирење пикнато во вреќа за ѓубре“.

Ким откри дека подоцна Парис ѝ се јавила да ѝ се извини, но дури до неодамна тие воопшто не зборуваа една со друга.

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-05.jpg

Ким Катрал и Сара Џесика Паркер

Иако во „Сексот и градот“ нивните ликови се најдобри пријателки, во реалноста Ким Катрал и Сара Џесика Паркер не се во најдобри односи.

Првите гласини за раздорот помеѓу нив се појавија откако Ким одбила да се појави во трет филм инспириран од култната серија.

Во 2018 година, Сара и прозборе за Ким:

„Мислам дека можеше да биде пофина. Не знам што ѝ е проблемот, не можам да сфатам“.

Истата година, ситуацијата ескалира уште повеќе откако почина братот на Ким Катрал.

Сара ѝ покажа сочувство на Инстаграм, на што Ким одговори:

„Не ми треба твојата љубов или твојата поддршка. Не си ми семејство. Не си ми пријателка“.

niki-minazh-i-kardi-bi-se-stepaa-na-modnata-nedela-vo-njujork-najgolemite-rivalstva-vo-svetot-na-poznatite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg