Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бритни повторно загрижува – со фотка од вел изјави дека се венчала со себе: „Има сериозни психички проблеми, ја контролираа со причина“

Бритни Спирс сподели видео на кое носи вел, изјавувајќи дека „се венчала со себе“. Овојпат, и фановите кои сметаа дека пејачката само ужива во нејзината слобода, почнаа да ја покажуваат нивната загриженост.

britni-povtorno-zagrizhuva-so-fotka-od-vel-izjavi-deka-se-venchala-so-sebe-ima-seriozni-psihichki-problemi-ja-kontroliraa-so-prichina-01.jpg

Бритни Спирс повторно ги загрижува фановите со објавите на Инстаграм, но овојпат не станува збор за разголените фотки.

Сега пејачката сподели видео на кое носи вел, изјавувајќи дека се венчала самата со себе.

Најпрво, пред околу пет дена, Бритни сподели видео на кое носи долг бел фустан и вел, објаснувајќи дека тоа е всушснот велот на баба ѝ.

Неколку денови подоцна, Бритни сподели слично видео на кое го носи истиот фустан и истиот вел, со опис:

„Да… се венчав со себе! Ми стана досадно, ми се допаѓаше велот и си реков дали е ова лудо?“

Пејачката додава и дека уште е во брак со нејзиниот сакан Сем Ашгари.

Бритни сподели и уште неколку идентични фотки со истата облека.

Оние кои будно го следат профилот на пејачката, во коментари велат дека Бритни ја споделила и избришала истата објава неколкупати.

Па, сега и фановите што сметаа дека пејачката само ужива во својата слобода почнаа да ја споделуваат нивната загриженост.

Некои одат дотаму што сметаат дека Бритни повторно е затворена во својот дом како пред да се ослободи од старателството на татко ѝ.

„Не е за чудење што беше под легално старателство“.

„Ни треба доказ дека Бритни е во ред… Мразам да го кажам ова, но сè повеќе верувам во теориите на заговор“.

„Го обвинувам култот Free Britney бидејќи луѓето очигледно не знаеле или не им било грижа колку проблеми со менталното здравје има“.

„Однесувањето на Бритни навистина е загрижувачко, без разлика колку ја сакаме. Дали сама ги објавува овие работи? Дали е навистина слободна? Кој знае“.

„Повторно истото видео? Каде е твојот сакан? Кажи му да минува време со тебе и да те разгалува! Го заслужуваш тоа!“

„Зарем некој не може да провери дали е во ред? Што се случува? Каде ѝ е сопругот? Пријателите? Луѓето кои беа на нејзината свадба? Дали кој било може да потврди дека е во ред?“

Некои сметаат и дека сопругот Сем само ја користи за пари, па дури и дека ја контролира.

„Дали беше присилена да се венчаш со Сем? Отсекогаш ми изгледал чудно“.

„Не сум ни сигурна дали навистина се венчале“.

„Мислам дека се венча со неа за поголема слава и нејзините пари… тој е опседнат само со себе“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
„Некој мора да му помогне“ - Фановите се загрижени за Џастин Бибер - си ги чеша нозете, се однесува ... Откако Пи Диди беше уапсен, а меѓу претпоставките се дека и Џастин Бибер како де...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg