Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Аврил Лавињ е мртва и заменета со клон - бизарна теорија на заговор во која веруваат многумина

Дали знаевте дека Аврил Лавињ почина во 2003 година и беше заменета со двојничка по име Мелиса Вандела? Или барем, некои луѓе сакаат да веруваме во тоа. 

teorija-na-zagovor-za-zamenata-na-avril-lavinj-shto-velat-deka-se-sluchilo-so-vistinskata-avril-01.jpg

Потеклото на оваа теорија на заговор доаѓа од бразилски блог од 2011 година, кој доведе до дискусии на форуми кои споделуваат наводни докази за замената на Лавињ со двојничка.

Теоријата тврди дека притисокот на славата како и смртта на нејзиниот дедо, ја довеле Аврил до длабока депресија, по што извршила самоубиство. Луѓето кои веруваат или, едноставно, уживаат да придонесуваат за теоријата дека Лавињ била сменета, го „откриле“ и името на двојничката: Мелиса Вандела.

Некои верзии на теоријата сугерираат дека Лавињ ангажирала актерка по име Мелиса која има неверојатна сличност со неа. Сепак, други сугерираат дека двојничката е клон направен од нејзината продукциска куќа.

Се вели дека кога вистинската Лавињ умрела, продукциската куќа ја заменила со Мелиса со „полно работно време“. Самата пејачка ја негираше теоријата во повеќе наврати.

Има ли докази?

Инвестираните теоретичари укажуваат на голем број докази за да ја одбранат теоријата.

Како прво, обожавателите велат дека нејзиниот стил премногу се променил за да биде истата личност.

Тврдокорните обожаватели на почетниот стил на Лавињ, исто така, ја користат теоријата како начин да го објаснат отстапувањето на пејачката од стилот во кој се заљубиле.

Тие велат дека оригиналната Аврил Лавињ би носела панталони и вратоврска, додека нејзиниот клон постојано носи фустани и здолништа. 

Лавињ не е првата ѕвезда која е предмет на вакви шпекулации

Теоретичарите на заговор, исто така, тврдат дека Пол Мекартни е мртов, Бијонсе е дел од Илуминатите (тајно друштво за кое се вели дека управува со светот) и дека Тејлор Свифт е клон на поранешна сатанска свештеничка - Зина Лавеј.

Слично како приказната „Аврил е мртва“, теориите на заговор обично содржат идеја дека моќните поединци работат тајно за да ги заведат луѓето и да добијат поголема моќ.

Теориите на заговор често користат наводни објективни докази за да ги поддржат наводите, што дава илузија на валидност.

Во случајот со Лавињ, обожавателите користеа и споредби со фотографии и видео и анализа на гласовни снимки како „доказ“ за теоријата.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg