Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Сакаш да бидеш поубава од неа“ - Викторија Бекам критикувана за фотката со која ѝ честита роденден на снаата

„Не можеше да најдеш поубава фотографија“, „Си избрала слика на која ти изгледаш поубаво од неа“ – стои во дел од коментарите за фотографијата што Викторија Бекам ја објави за да ѝ го честита 28-иот роденден на снаата. Други, пак, велат дека е убаво што пејачката се обидува да ги смири страстите и да се помири со снаата.

ne-mozheshe-da-najdesh-poubava-slika-viktorija-bekam-kritikuvana-za-fotkata-so-koja-i-chestita-rodenden-na-snaata-01.jpg

По повеќемесечните медиумски препукувања и расправии, се чини дека Викторија Бекам и нејзината снаа Никола Пелц Бекам, конечно се помируваат.

Мајката на Бруклин, вчера (09.01), објави досега невидена фотографија од неа и од снаата за да ѝ го честита 28-иот роденден.

До фотографијата на која се гледа дека Викторија и Никола се добро расположени и насмеани додека јадат, поранешната членка на групата Spice Girls напиша:

„Среќен роденден Никола Пелц Бекам. Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден!!!“

Никола веднаш одговори во коментар и напиша „благодарам“ со неколку срциња.

Инаку, во дел од коментарите, обожавателите на Викторија коментираат дека таа ја избрала најлошата фотографија и не напишала „те сакам“, додека други велат дека овој чекор на Викторија е за поздравување затоа што е убаво да се види дека таа се обидува да ги подобри односите во семејството и да се смири со снаата.

ne-mozheshe-da-najdesh-poubava-slika-viktorija-bekam-kritikuvana-za-fotkata-so-koja-i-chestita-rodenden-na-snaata-02.jpg

Оваа објава на Инстаграм е малку неочекувана, ако се земе предвид дека Викторија Бекам и Никола Пелц со месеци наназад имаа влошен однос.

Снаата ја користеше секоја можност за интервјуа во кои говореше за наводно заладување на односите помеѓу неа и нејзината свекрва заради венчаницата што таа (не) ја носела на свадбата.

Инаку, Никола сподели повеќе фотографии на својот Инстаграм профил, на кои покажа дека роденденот го поминала во спа центар заедно со пријателките и мајка ѝ, а потоа имала роденденска забава на која присуствувале нејзините најблиски пријатели и семејството.

„Како изгледа среќата“ – напиша таа до фотографиите.

Прочитајте и Никола Пелц продолжува со јавните обвинувања, а Викторија открива зошто плаче на ревијата во Париз: „За мене семејството е сѐ“ (фото+видео)

Погледнете повеќе фотографии од роденденот на Никола на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg