Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Кајли Џенер критикувана за вознемирувачката креација со глава на лав: „Зошто имаш животно на фустанот?“

„Промовираш ловење животни“, „Кралот на животните не е моден додаток“ - Кајли Џенер критикувана за креацијата со вештачка глава на лав во реална големина, со која се појави на ревија во Париз. Покрај критичарите, има и такви кои ја бранат и сметаат дека креацијата е вистинска уметност, а истата ја носи и Ирина Шајк. 

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-01.jpg

Кајли Џенер (25), се појави на модното шоу на Schiaparelli на Париската модна недела, во стајлинг со необичен додаток, кој предизвика низа коментари во целиот свет.

Таа пристигна на ревијата облечена во црна тоалета, на која беше фиксирана глава на лав со реална големина, што е креација од новата колекција на брендот, која беше промовирана на ревијата на којашто присуствуваше младата богаташка.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-.jpg

Дизајнот бил направен од креативниот директор на брендот, Даниел Роузбери, и е рачна изработка од вештачки материјали.

„Убавицата и ѕверот. Ти благодарам Даниел Роузбери и Schiaparelli за ова посебно утро. Уживав во тоа што ја носев оваа вештачка уметничка креација, направена рачно“ – напиша таа на Инстаграм.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot--0.jpg

Иако многумина ја претставија како иновативна, грандиозна и креативна креација, сепак не сите се воодушевени од овој изглед на Кајли.

Оние кои не се воодушевени од креацијата, го претставуваат стајлингот како страшен, смешен и една од најголемите модни грешки, а подетално пишуваат:

„Но, зошто? Зошто воопшто да се имитира ова? Благодарна сум што е лажно, но глетката сепак е вознемирувачка.“

„Ова не е мода.“

„Зошто носиш животинска глава на фустанот? Вештачка или не... ми нема логика“.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-02.jpg

„Изгледа сега повеќе Американци ќе одат во Африка за да си набават нови модни додатоци од дивината. Промовираш ловење животни. Ова е погрешно од многу аспекти. Кралот на џунглата не е моден додадок“.

„Се надевам дека лавот не е жив.“

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-03.jpg

„Ако лавот оживее, бегајте!“

„Кажи ми дека си лав во хороскоп без да ми кажеш дека си лав.“

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-04.jpg

Сепак, не сите го сфатија изгледот навредливо, а на самата ревија за колекцијата пролет-лето 2023 на брендот, на модната писта со слични креации со вештачки животински глави на лав, волк и леопард, зачекорија и Ирина Шајк, Наоми Кемпбел и други модели, а инспирацијата, креативниот директор на брендот ја црпел од „Пеколот“ на Данте.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-00.jpg

Повеќе фотографии од изгледот на Кајли: 

M. Л. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кајли Џенер го откри ликот и името на второто дете, па се шегуваат со неа: „Знае ли дека тоа значи п... Кајли Џенер се породи во февруари 2022 година, но дури сега го покажа лицето на ...
Деца на славни личности кои изградија успешна холивудска кариера настрана од нивните родители Кога имате славни и успешни родители, може да биде тешко да излезете од нивната ...
Од келнерка во стриптиз клуб, со помош на Том Круз стана славна актерка – Факти за Рене Зелвегер Џим Кери беше лудо вљубен во неа и тие двајца беа свршени една година, Том Круз ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg