Бијонсе заглавила во сообраќај, Бен Афлек пак стана меме - смешни и непријатни моменти од Греми 2023 (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Овогодишното доделување на Греми наградите помина без скандали, но сепак имаше смешни и непријатни моменти. „Ѕвезда“ на вечерта дефинитивно беше Бен Афлек, кому очигледно му било многу досадно за време на церемонијата, па уште еднаш стана меме.
Бен Афлек дефинитивно е личноста која инспирира најмногу мемиња, а не разочара ни на овогодишното доделување на Греми наградите.
50-годишниот актер присуствуваше на доделувањето на наградите со сопругата Џеј Ло, но во текот на целата церемонија изгледаше како да му е навистина здодевно.
Покрај смешните изрази на Бен, доделувањето го одбележаа и други интересни, но и непријатни ситуации.
Дел од моментите што ги одбележаа Греми наградите и мемињата што ги инспирираа:
Популарната видеоигра Assassin’s Creed Valhalla доби статуетка за најдобра музика за видеоигра, но презентерот не можеше да го изговори името
-->
-->
Кога Хари Стајлс освои награда, актерот Мајлс Фрост, кој беше презентер, не беше воопшто воодушевен во споредба со другите победници
-->
Бијонсе победи во категоријата најдобра R&B песна, но бидејќи заглавила во сообраќај, не успеа да ја прими наградата
Па, и Бијонсе стана инспирација на мемиња: „Мојот израз кога ќе дојдам доцна на работа со кафе во раката“.
Хари Стајлс се сопна додека ја изведуваше As It Was, а поради аутфитот почнаа да го споредуваат со Едвард Кулен од серијалот Twilight, заедно со добропознатиот цитат кој е меме сам по себе: „Ова е кожата на убиец, Бела“.
„Џеј Зи изгледаше како горд татко, додека The Rock (Двејн Џонсон) презентираше“.
„Бен Афлек повторно е Бен Афлек меме“.
„Бен Афлек на Греми наградите“.
Повеќе мемиња од Бен Афлек на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото)
Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...

Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз...
Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со...
Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи...
Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...

Џеј Зи обвинет за силување 13-годишно девојче со Пи Диди – Бијонсе молчи, тој негира
Џеј Зи тврди дека обвиненијата против него се обид за изнудување пари, додека Би...

Бен Афлек подготвен да направи сè за Џенифер Гарнер: „Многу ја сака, Џеј Ло не можеше да се натпрева...
Иако изворите тврдат дека нема ништо романтично помеѓу Бен Афлек и Џенифер Гарне...
-->