Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѝ го покрива лицето, ја удри во ограда додека ја влече зад себе – Видео од Пике со неговата девојка низ Барселона

Ја крие зад себе, ѝ го покрива лицето и влечејќи ја по себе за да избега од папараците, не ни забележа дека ја удри во ограда - Пике и неговата нова девојка излегоа да прошетаат низ Барселона, но тоа не помина незабележано.

i-go-pokriva-liceto-ja-udri-vo-ograda-dodeka-ja-vleche-zad-sebe-video-od-pike-so-novata-devojka-niz-barselona-01.jpg

По објавувањето на новата песна на Шакира, поранешниот фудбалер Жерар Пике и неговата девојка ретко се појавуваа во јавност, но во понеделникот (06.02) одлучија заедно да излезат и да прошетаат низ улиците на Барселона, фатени за рака.

i-go-pokriva-liceto-ja-udri-vo-ograda-dodeka-ja-vleche-zad-sebe-video-od-pike-so-novata-devojka-niz-barselona-02.jpg

Во изминатите денови, дел од шпанските медиуми пишуваа дека Клара Чиа Марти (23) се отселила од неговиот дом и дека имала анксиозни напади затоа што не можела да го поднесе притисокот од папараците и од луѓето што во јавност гласно ѝ ја пееле новата песна на Шакира и ја обвинувале за разделбата на фудбалерот и пејачката.

Папарацо фотографите ги уловија Пике и Клара додека беа на прошетка низ Барселона во понеделникот, а видеото од нив масовно се споделува на социјалните мрежи.

i-go-pokriva-liceto-ja-udri-vo-ograda-dodeka-ja-vleche-zad-sebe-video-od-pike-so-novata-devojka-niz-barselona-03.jpg

Во видеото се гледа како Пике се обидува да ја заштити својата девојка, ѝ го крие лицето од папараците што се обидуваат да ја снимаат одблиску, а влечејќи ја за побрзо да избегаат, не ни забележа дека таа се удри во една од оградите на улицата.

Пике само се насмеа на несмасноста на неговата девојка и продолжи понатаму да оди.

i-go-pokriva-liceto-ja-udri-vo-ograda-dodeka-ja-vleche-zad-sebe-video-od-pike-so-novata-devojka-niz-barselona-04.jpg

Новинарот го праша Пике дали е точно дека Клара имала анксиозен напад пред само неколку дена, на што тие двајца се насмеаја:

„Анксиозен напад? Анксиозен напад? Да се има такво нешто е навистина сериозно, ајде ве молам“ – се смее Пике во видеото.

Инаку, Пике пред извесен период ја објави првата заедничка фотографија со Клара на Инстаграм, а твитерџиите веднаш почнаа да коментираат дека тој платил за неговата девојка да направи естетска процедура за зголемување на усните.

Погледнете го видеото во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Новата девојка ќе му го даде тоа што Шакира не сакаше“ – нови шпекулации за разделбата на Пике и Ша... Ако помислувате на свадба – тогаш се лажете. Сите знаат дека Пике и Шакира долги...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...
Бред Пит го прослави 59-тиот роденден со 30 години помладата девојка, откако ја однесе на премиерата... Во саботата Бред Пит го прослави 59-тиот роденден, и тоа со новата, 30 години по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg