Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Го пие со очи, едвај се воздржува да не го допре“ – Видео од Хејли Бибер како флертува со телохранителот

„Или имаат отворен брак, или таа го изневерува“ – велат корисниците на социјалните мрежи што го погледнаа видеото на кое се гледа тензијата што владее меѓу Хејли Бибер и телохранителот, додека таа со сопругот Џастин е на настан во Лондон.

go-pie-so-ochi-edvaj-se-vozdrzhuva-da-ne-go-dopre-video-od-hejli-biber-i-telohranitelot-e-dokaz-deka-taa-go-izneveruva-01.jpg

Хејли Бибер се воздржува од коментари за драмата што се одвива на социјалните мрежи, каде корисниците сугерираат дека таа и Кајли Џенер биле злобни кон поранешната девојка на нејзиниот сопруг, Селена Гомез, а сега се појави ново видео, што според многумина, наводно е доказ дека Хејли го изневерува Бибер со телохранителот.

go-pie-so-ochi-edvaj-se-vozdrzhuva-da-ne-go-dopre-video-od-hejli-biber-i-telohranitelot-e-dokaz-deka-taa-go-izneveruva-02.jpg

Хејли и Џастин беа на моден настан во Лондон, а според многумина моментот што присутните успеале да го уловат на камера е доказ дека можеби манекенката има афера.

go-pie-so-ochi-edvaj-se-vozdrzhuva-da-ne-go-dopre-video-od-hejli-biber-i-telohranitelot-e-dokaz-deka-taa-go-izneveruva-03.jpg

Во видеото се гледа како Хејли стои до сопругот Џастин Бибер и до телохранителот, а говорот на телото на Хејли според корисниците на ТикТок покажува дека таа флертува со телохранителот. 

Хејли е „залепена“ до Џастин, но постојано гледа во телохранителот до неа, а се чини дека прави сѐ за да му го привлече вниманието без да се забележи.

„Отсекогаш знаев дека тие двајца имаат отворен брак“ – стои во описот на видеото што е објавено на ТикТок и што досега има над 18 милиони прегледи.

go-pie-so-ochi-edvaj-se-vozdrzhuva-da-ne-go-dopre-video-od-hejli-biber-i-telohranitelot-e-dokaz-deka-taa-go-izneveruva-04.jpg

Во дел од коментарите, фановите на Џастин и на Хејли нагласија дека не веруваат дека манекенката би можела да го изневерува сопругот, затоа што сите знаат дека таа е опседната со него, а други пак сметаат дека ова е сигурен доказ дека таа бара внимание на друго место.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@donttellmymomma.fr/video/7203053343462182150?is_from_webapp=1&

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg