Стрии, стомаче - Познати жени кои покажаа како навистина изгледа нивното тело по бременоста
- Детали
- недела, 26 март 2023
Кети Пери гордо го покажа стомачето по породување, а Ешли Греам отворено зборуваше за сите промени што ги претрпело нејзиното тело, вклучувајќи го и паѓањето на косата. Кои други познати дами покажаа како навистина изгледаат по бременоста?
Промените што ги трпи женското тело за време на бременост се ништо помалку од неверојатни.
Сепак, иако овие промени се нормални, очекувани и убави, на многу жени им е тешко да го прифатат своето тело по бременоста.
Ако бидеме реални, една од најголемите причини за ова се познатите дами кои ги покажуваат совршените тела само неколку месеци по породувањето.
Но, се чини забораваме дека тие имаат лични готвачи и тренери, можат да плаќаат дадилки, па имаат доволно време и средства да работат на нивните тела.
Не сите познати дами спаѓаат во оваа категорија. Многу од нив ја слават убавината и моќта на женското тело и покажуваат како навистина изгледаат по породување.
Дел од нив во продолжение:
Кети Пери
Во август 2020 година, Кети Пери го доби првото дете со Орландо Блум.
Кратко по породувањето, пејачката почна да споделува фотки на кои покажува дека како секоја жена, и таа има стомаче и стрии по породувањето.
Во интервју со Џими Кимел, таа дури и нагласи дека ретко која жена зборува за првите шест недели по породувањето кои се можеби најтешки за секоја мајка.
Ејми Шумер
Познатата комичарка го доби првото дете во 2019 година и оттогаш сподели многу фотки на кои покажува како изгледа.
Таа дури и се шегуваше на своја сметка бидејќи по породувањето преферирала „грда“, но удобна долна облека.
Ешли Греам
Ешли Греам има три деца и отсекогаш била отворена за промените што ги доживеала за време на бременоста.
Плус-сајз моделот без проблем зборува за сите предизвици со кои се соочила по бременоста, вклучувајќи го и паѓањето на косата.
Халси
Младата пејачка се породи во 2021 година, а набрзо потоа сподели фотки на која го покажува нејзиното тело, вклучувајќи ги и стриите на стомакот.
„Го објавувам ова бидејќи без разлика што правам, луѓето ќе зборуваат за моето тело“, сподели таа во описот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





