Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наоми Кемпбел критикувана за „најлошо фотошопирање“ на фотки од Оскарите

Наоми Кемпбел си ја смалила главата и целосно си ја променила формата на вилицата со Фотошоп на фотките од забавата по Оскарите и, очекувано, веднаш се најде на мета на критики.

naomi-kempbel-kritikuvana-za-najlosho-fotoshopiranje-na-fotki-od-oskarite-01.jpg

Наоми Кемпбел беше критикувана од јавноста откако нејзините фанови забележаа драстична разлика помеѓу официјалните фотки од Оскарите и истите фотки што самата ги сподели на Инстаграм.

52-годишниот супермодел присуствуваше на забавата на Vanity Fair која традиционално се одржува по Оскарите и изгледаше совршено со впечатливиот долг фустан.

Но, изгледа самата Наоми не била задоволна од својот изглед, па сподели фотографии од настанот на кои искористила премногу Фотошоп.

Истите фотографии беа објавени претходно и не се уредувани, па разликата е повеќе од очигледна.

Наоми не користела само филтри, туку си ја смалила главата и целосно ја променила формата на вилицата со Фотошоп.

Во коментари, нејзините следбеници ја критикуваат и истакнуваат дека таа е една од најубавите жени и нема потреба да ги уредува фотографиите.

„Те молам избриши ја фотката. Изгледаше прекрасно без Фотошоп! Нема потреба да ги уредуваш фотографиите!“

„Таа е Наоми! И нејзиниот тим не можел да најде ниту една добра фотографија?“

 

„Ова не е реално, што се случува?!“

„Најми ме мене, јас можам подобро да ти ги уредувам фотографиите за Инстаграм“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
„Ова не е нормално“ - Гал Гадот ја бакна ќерка си во уста и стана мета на критики (видео) „Не бакнувајте деца во уста, дури и да станува збор за вашите деца“ е еден од ос...
Вера Ванг изгледа како млада девојка на 75 години - прослави Божиќ со раскошна забава во виолетово На забавата Ванг носеше виолетова креација, во која ги истакна нозете и витката ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg