Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Потрошил цело богатство за да не ја загуби косата, носи шорцеви од 650 евра – Како Роби Вилијамс ги троши милионите?

Вложувањето во недвижности за богатите и славните е инвестиција. Роби купил куќа во Швајцарија, Лос Анџелес, а исто така има и голема палата во Англија, што ја купил уште во 2009-та година.

За имотот во Англија е интересно тоа што се смета дека палатата е опседната со духови и тој неколкупати се обидел да ја продаде, но никој не сака да ја купи.

ostavil-celo-bogatstvo-za-da-ne-ja-zagubi-kosata-650-evra-za-shorcevi-kako-robi-vilijams-gi-troshi-milionite-10.jpg

Познато е дека Роби не штеди кога станува збор за облеката, но ова се однесува и на шорцевите за капење и облеката што ја носи на плажа. Тој беше фотографиран во шорцеви за капење на Versace што чинат 650 евра, а изгледот го дополни со очила за сонце од Louis Vuitton и влечки од Gucci.

ostavil-celo-bogatstvo-za-da-ne-ja-zagubi-kosata-650-evra-za-shorcevi-kako-robi-vilijams-gi-troshi-milionite-07.jpg

Познато е дека сака да оди на одмори, па затоа воопшто не зачудува фактот дека дал 8 милиони фунти за сопствена јахта.

ostavil-celo-bogatstvo-za-da-ne-ja-zagubi-kosata-650-evra-za-shorcevi-kako-robi-vilijams-gi-troshi-milionite-06.jpg

Како голем љубител на фудбалот и како навивач на Port Vale тој одлучил да купи дел во својот омилен клуб. Никогаш не се дозна колку пари потрошил за да биде дел од менаџментот, но во 2020-та година помогнал да се дизајнираат дресовите на клубот.

ostavil-celo-bogatstvo-za-da-ne-ja-zagubi-kosata-650-evra-za-shorcevi-kako-robi-vilijams-gi-troshi-milionite-12.jpg

Во една прилика Роби откри дека свршеничкиот прстен на неговата сопруга Ајда е една од најскапите работи што ги купил во животот. Никогаш не откри за колкава сума се работи, но ако се земе предвид неговиот раскошен начин на живот, може да се предвиди дека прстенот навистина чинел скапо.

ostavil-celo-bogatstvo-za-da-ne-ja-zagubi-kosata-650-evra-za-shorcevi-kako-robi-vilijams-gi-troshi-milionite-08.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Барала милионски хонорар за чување деца – Зошто Ванеса Брајант е во лоши односи со мајка ѝ по смртта... „Таа ме контактираше преку адвокати и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцеде...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg