Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го победи Ѓоковиќ на Вимблдон?
Мајка му, Вриџинија Гарфиа, го опишува Карлос само со три збора: благородно, добро и мошне мило дете.

Уште еден интересен момент што привлече внимание кај светската јавност е тоа што младиот тенисер со години живее во многу скромен дом. Фотографиите од дрвениот бунгалов со големина од 90m2 беа објавени во повеќето шпански медиуми, а тој вели дека оваа куќичка е идеална за неговите потреби.

Во академијата на Карлос Фереиро, Алкараз имал можност да се запознае и да соработува со голем број звучни имиња од светот на тенисот кои со своите совети му помогнале да оствари високи резултати.

Токму во академијата, тој ја запознал и неговата поранешна девојка, студентката по правни науки Марија Гонзалес Хименез, која исто така тренира тенис.

Но, нивната врска очигледно не траела долго затоа што на почетокот на годинава даде интервју за Vogue каде откри дека веќе 18 месеци нема девојка.
„Комплицирано е тоа што никогаш не си долго на едно место. Тешко е да ја најдеш личноста со која ќе можеш да споделиш сѐ, ако постојано си во различни делови од светот“ – рече тој.

По големиот број победи, Карлос денес на својата сметка има милиони и се верува дека неговото богатство во моментов изнесува околу 14 милиони долари.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени...
Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ...
Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ...
„Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ...
По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б...
„На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал...
Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...