Отвори 4 бесплатни болници за сиромашни, дава милиони во хумани цели - Животниот пат на Мајкл Џордан

Неодамна отвори бесплатна клиника за лекување на сиромашните луѓе од градот во кој порасна. По неверојатната кошаркарска кариера и милионите што ги заработи, Мајкл Џордан, своето богатство го дели со оние кои немаат основни услови за живот.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-01.jpg

Многумина го нарекуваат најголемиот кошаркар на сите времиња, и не сакаат таа титула да ја „предадат“ на Леброн Џејмс, Никола Јокиќ или Коби Брајант.

За фановите на Мајкл Џордан само еден е најголемиот од сите, а тоа е токму човекот кој го носеше бројот 23 во „Чикаго булс“ и кој ја крена кошарката на едно сосема повисоко ниво.

На 62 години Мајкл Џордан скоро и да не го интересира кошарката, туку добротворната работа, желбата да им помогне на најсиромашните луѓе во Америка.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-03.jpg

Токму затоа, неодамна тој ја отвори својата четврта клиника за сиромашни, во која ќе може да се лекуваат бесплатно најзагрозените групи на граѓани во САД, а кои немаат здравствено осигурување и не можат да си ги дозволат скапите лекарски сметки.

Клиниката се наоѓа во Вилмингтон, градот во кој пораснал, и е втора во овој град.

Својот хуман проект Џордан го почна во 2019 година, а во 2024 донираше 10 милиони долари за лекување на неговите сограѓани, кога, всушност, ја отвори првата клиника во Вилмингтон.

„За мене е ова лично. Исполнет сум кога што гледам како клиниката влијае на подобрувањето на здравјето на многу поединци и семејства. Важно ми е мојата заедница да има квалитетна здравствена грижа“ - рекол Џордан.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-17.jpg

Освен хуманитарната работа, што друго го одбележа животот на Мајкл Џордан?

Роден е на 17 февруари 1963 во Њујорк, но неговите родители се преселиле во Вилмингтон неколку години по неговото раѓање.

Има два постари браќа и две сестри - едната е постара, а другата е помала од него.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-02.jpg

Почнал да игра кошарка поради својот брат Лари.

Двајцата го носеле бројот 45, но кога играле за ист тим, Мајкл, како помал, морал да избере друг број. Па, го поделил 45 на половина и 22,5 го заокружил на 23.

Бил многу близок со татко му и признава дека тој дури трипати „го враќал“ на вистинскиот пат, кога почнувал да талка во тинејџерските години.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-27.jpg

Професионалната кариера ја почнал во 1984 година, заедно со Чарлс Баркли, Хаким Олајџувон и Џон Стоктон.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-11.jpg

Во 1986 година дипломирал на Универзитетот на Северна Каролина, на отсекот географија.

Стидиите ги завршил во паузата од кариерата, бидејќи ја скршил ногата и не можел да игра.

На секој свој натпревар под дресот на „Чикаго булс“ носел шорцеви со логото на неговиот универзитет.

otvori-4-besplatni-bolnici-za-siromashni-dava-milioni-vo-humani-celi-zhivotniot-pat-na-majkl-djordan-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...

Најчитани неделава