Скандал со допинг, љубовен триаголник со Серена Вилијамс: Каде исчезна Марија Шарапова и што прави денес?

Пред да се натпреварува на Australian Open, Марија беше обвинета за допинг – користела супстанца, односно лек кој бил забранет на почетокот на годината.

Лекот се користел за проблеми со срцето, дијабетес и ниско ниво на енергија, но бил забранет бидејќи помагал со издржливоста.

skandal-so-doping-ljuboven-triagolnik-so-serena-vilijams-kade-ischezna-marija-sharapova-i-shto-pravi-denes-14.JPG

Наводно, Марија го земала неколку години, во период кога не бил забранет.

Првично Марија беше суспендирана две години. Но, бидејќи лекот бил забранет неодамна, суспензијата ѝ беше намалена на 15 месеци.

skandal-so-doping-ljuboven-triagolnik-so-serena-vilijams-kade-ischezna-marija-sharapova-i-shto-pravi-denes-03.JPG

Во меѓувреме, Марија беше во заладен однос со колешката Серена Вилијамс, и тоа уште од нејзината прва победа на Вимблдон.

Тогаш Марија ја победи Серена која лошо се справила со загубата.

Низ годините, двете тениски ѕвезди суптилно се критикуваа на интервјуа, а подоцна се дозна дека веројатно биле вплеткани и во љубовен триаголник.

skandal-so-doping-ljuboven-triagolnik-so-serena-vilijams-kade-ischezna-marija-sharapova-i-shto-pravi-denes-11.JPG

Во 2013-та, Марија почна врска со Григор Димитров – бугарски тенисер кој претходно се гледал со Серена.

Марија како да откри дека причината за нивниот конфликт бил љубовниот триаголник:

„Серена беше толку фокусирана на нејзината врска со Григор, што беше тешко да разберам дали е лута бидејќи го изгубила дечко ѝ или бидејќи изгубила натпревар од мене“.

skandal-so-doping-ljuboven-triagolnik-so-serena-vilijams-kade-ischezna-marija-sharapova-i-shto-pravi-denes-10.JPG

До 2020 година, Марија и Серена многупати дури и се навредуваа во јавност. Сепак, кога Марија најави дека става крај на кариерата, целата драма како да исчезна.

Марија изјави дека ќе се пензионира поради последиците од тенисот врз нејзиното физичко и ментално здравје.

Кратко по веста за пензионирањето, Марија се сврши со британскиот бизнисмен Александер Гилкс, а во 2022 година добија син.

skandal-so-doping-ljuboven-triagolnik-so-serena-vilijams-kade-ischezna-marija-sharapova-i-shto-pravi-denes-13.JPG

Сега се залага за тоа да го направи тенисот спорт кој ќе биде подостапен за сите, особено деца од посиромашни семејства, а поддржува и неколку невладини и добротворни организации.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...

Најчитани неделава