Прекрасното семејство на фудбалерот Кака – втората сопруга има иста впечатлива насмевка, првата го оставила затоа што бил пресовршен

Првата сопруга на Кака наводно изјавила дека се развела од него затоа што бил премногу совршен, а тој сега е во среќен брак со бразилски модел и го слави нејзиниот 30-ти роденден. „Те запознав кога имаше 21...“ – започнува емотивната објава. Запознајте го прекрасното семејство на фудбалерот Рикардо Кака (43).

prekrasnoto-semejstvo-na-fudbalerot-kaka-vtorata-sopruga-ima-ista-vpechatliva-nasmevka-prvata-go-ostavila-zatoa-shto-bil-presovrshen-1.jpg

Рикардо Кака (43) имаше блескава фудбалска кариера, играше за европски клубови како Милан и Реал Мадрид, но во 2017-та се пензионираше од професионалниот фудбал.

За време на најславните години, за него речиси и да немаше никакви скандали, а тогаш беше во среќен брак со љубовта од детството, Каролине Сесилија.

prekrasnoto-semejstvo-na-fudbalerot-kaka-vtorata-sopruga-ima-ista-vpechatliva-nasmevka-prvata-go-ostavi-zatoa-shto-bil-presovrshen-02.jpg

Нивниот брак траеше од 2005-та до 2015-та, а за време на овие 10 години, тие добија две прекрасни деца - Лука (2008) и Изабела (2011).

prekrasnoto-semejstvo-na-fudbalerot-kaka-vtorata-sopruga-ima-ista-vpechatliva-nasmevka-prvata-go-ostavi-zatoa-shto-bil-presovrshen-03.jpg

Сепак, нивната љубов заврши, а пред неколку години, неговата поранешна сопруга ја откри необичната причина заради која им се разишле патиштата.

„Морав да бидам многу храбра, затоа што немав причини од типот – бев нападната или изневерена. Не бев ништо од тоа.

Ништо лошо не се случуваше, па зошто се разделивме? Зошто не бев среќна?

Се гледав како неуспешна личност, затоа што бев во брак со многу добра личност, искрен човек, добар татко, тој беше пресовршен.

Разделбата ми беше потребна за мој личен раст“ – изјавила наводно таа, како што пренесуваа светските медиуми.

Сепак, подоцна таа го демантирала тоа, без да нагласи што точно била причината за разводот, велејќи дека сега живее среќен живот со својот втор сопруг, со кого имаат и едно заедничко дете. 

Иако многумина мислеа дека Кака нема да продолжи со љубовниот живот по неа, сепак тој, една година подоцна ја запозна својата сродна душа.

Тој се вљубил во бразилскиот модел Каролина Диас, која тогаш имала 21 година, а тој e 13 години постар од неа.

Во 2019-та парот стапи во брак, кој е крунисан со уште две прекрасни деца кој фудбалерот ги доби со втората сопруга.

Тие делуваат како среќно семејство, постојано патуваат заедно и објавуваат фотки со четирите деца – сите имаат блескави, широки насмевки, иста како онаа што е препознатлив знак за заводливиот Бразилец Кака.

Неодамна, неговата сопруга наполни 30 години, а тој сподели повеќе фотки и напиша емотивна објава:

„Денес е денот кога го славиме животот на мојата сопруга, мојот пријател, мојот партнер. Моето срце е исполнето со благодарност кон Бога за твоето постоење.

Ова е 9-та година која ја поминуваме заедно. Те запознав кога имаше 21 година, прекрасна, полна со сила и храброст.

Денес, полниш 30 и зрачиш со сјајот што го има некој кој чекори со Христос во себе.

Заедно ќе продолжиме да градиме и да собираме прекрасни моменти, на плажа, на снег, на село, во лет, каде и да одиш, сигурен сум, ако сме заедно, ќе биде прекрасно и посебно.

Нека Бог ти го води секој чекор и нека те опсипува со радост. Среќен роденден љубов моја. Те сакам засекогаш!“

Повеќе фотки од семејството на Кака: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Во сообраќајка загина фудбалерот Диого Жота (28), две недели по свадбата со љубовта од детството До несреќата, наводно, дошло поради пукање на гума на возилото, по што тоа излет...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...

Најчитани неделава