Ја избркаа од клуб заради скандалозен ноќен живот, па заработуваше на OnlyFans – Најпровокативната фудбалерка повторно му се врати на спортот

Во 2019-та ја избркаа од фудбалскиот клуб заради видео надвор од теренот со оскудна облека и пиење шампањ, па ја продолжи кариерата на OnlyFans - сега повторно им се враќа на спортските вредности, откако минатата година ѝ дозволија да влезе во тим кој што ја поддржа, а сега потпиша за нов клуб. Која е провокативната фудбалерка Маделин Рајт?

ja-izbrkaa-od-klub-zaradi-skandal-vo-nokjen-klub-pa-zarabotuvashe-na-onlyfans-najprovokativnata-fudbalerka-povtorno-mu-se-vrati-na-sportot-01.jpg

Ако не верувате дека фудбалерките може да бидат убави и атрактивни и покрај грубиот спорт, се лажете.

Помеѓу многуте убави фудбалерки, е и Маделин Рајт, која освојува многу машки срца на социјалните мрежи.

Таа привлекува внимание со својот изглед, но и со бурната приказна – преку ноќ, таа се збогуваше со фудбалот и премина на заработка од фоли фотографии на OnlyFans, а сега повторно му се враќа на спортот.

Всушност, во 2019-та нејзината кариера тргна во пропаст, откако таа беше избркана од фудбалскиот клуб во кој играше, заради видео-снимка надвор од теренот, односно од ноќно излегување, каде е оскудно облечена, вдишува супстванци, пие шампањ додека вози и промовира неприфатливи навики за спортист.

Откако го напушти фудбалот, таа кариерата реши да ја продолжи на платформата за возрасни OnlyFans.

Медиумите пишуваат дека од 2022 таа заработила најмалку 600.000 евра, ја следат повеќе од 300.000 луѓе и е една од најпознатите британски креаторки на содржина на оваа мрежа.

„Се двоумев дали да отворам профил заради репутацијата која ја има OnlyFans. Не сакав да ме поврзуваат со некој друг тип на содржини, но кога собрав предности и слабости, сепак се решив. Во првата година заработив половина милион фунти. Тоа ми го промени животот“ – изјавила таа своевремено за The Sun.

Благодарение на оваа заработка, таа можела да си дозволи скап живот, да си купи стан и да ужива во луксуз каков што прикажува на социјалните мрежи.

Сепак, изгледа ѝ било доста од тоа да биде препознатлива само како OnlyFans ѕвезда, па во 2024-та повторно му се врати на спортот и си ја врати титулата фудбалерка.

Минатата година таа му се заблагодари на клубот кој ѝ дал шанса да се врати на теренот по повеќе години.  

„До клубот кој ме поддржа и ми дозволи да се вратам на фудбалот по 4 години надвор од терен, благодарам. Ви благодарам на сите, а за мене, напорната работа продолжува“ – напиша тогаш таа и откри дека потпишала за друг клуб.

Сега, во август 2025-та, таа продолжува да чекори нагоре по фудбалската кариера, па неодамна сподели дека влегува во нов тим, Chatham Town, каде планира да испишува нови успеси во спортот.

И покрај тоа што се врати на вистинските спортски вредности и продолжува да гради фудбалска кариера, таа не се откажува од разголените фотки и гламурозниот живот кој го прикажува на социјалните мрежи.

Погледнете повеќе фотографии од Маделин:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодната лизгачка покажа како изгледа храната во олимпиското село – се служи 450kg паста дневно, ... Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, на...
Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се... „Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...

Најчитани неделава