Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се правдам никому“

„Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто големо. Дека вашиот изглед не ве дефинира како личност или како спортист“, напиша во моќната порака холандската лизгачка, која од Олимпијадата си замина со 2 медали.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-01.jpg

Олимписката шампионка во брзо лизгање, Холанѓанката Јута Лердам (27), е една од најатрактивните лизгачки, но и една од најзгодните спортистки кои натпреваруваа на Олимпијадата во Милано и Кортина.

Јута, освен што остави впечаток со својот изглед, воодушеви и со постигнатите резултати. Таа освои злато и стана олимписка шампионка на 1000m брзо лизгање и сребро на 500m.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-04.jpg

Откако заврши нејзиниот настап на Олимпијадата, таа објави фотка на Инстаграм, на која е „уловена“ во момент кога слави - со израз на олеснување, раширена уста, кренати раце, а по лицето ѝ тече солза, помешана со црната боја од нејзината шминка.

Оваа една фотка, вели во објавата Јута, најдобро го доловува тоа што таа го доживеала на Олимпијадата, но и во годините претходно, кога била омаловажувана, критикувана, исмевана, па раскажа за својата голгота.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-09.jpg

На Инстаграм, таа напиша:

„За мене, оваа фотка го долови сето она за што се залагаа моите Олимписки игри.

Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто големо. Дека вашиот изглед не ве дефинира како личност или како спортист.

Дека ако работите напорно и останете решителни, сè ќе се среди.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-03.jpg

Толку е иронично, затоа што мојот ајлајнер и шминка се нешто за кое ме осудуваа во текот на целата моја кариера, а сè што правеа тие е да ми дадат самодоверба и да направат да се чувствувам женствено и моќно.

Притисокот што го чувствував, осудата со која се справував околу толку многу работи, напорната работа што ја вложував толку многу години, сето тоа се собра во овој момент.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-05.jpg

Никогаш не чувствував потреба да докажам нешто.

Го направив ова за себе, за помладата јас, за моето семејство и за сите жени кои не сакаат да бидат ставени во кутија и само сакаат да бидат свои автентични верзии.

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-10.jpg

Потсетник е дека можете да бидете нежни и силни, дисциплинирани и женствени во исто време.

Никогаш не дозволувајте никој да ја затемни вашата светлина.

Љубов, љубов, љубов“.

Погледнете повеќе фотографии:

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-11.jpg

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-08.jpg

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-07.jpg

najzgodnata-olimpijka-za-svojata-golgota-me-kritikuvaa-za-shminkata-me-osuduvaa-no-ne-sakav-da-se-pravdam-nikomu-05_copy.jpg

Прочитајте и Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „летечка Холанѓанка“?

  А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодната лизгачка покажа како изгледа храната во олимпиското село – се служи 450kg паста дневно, ... Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, на...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за ш... Откако светските медиуми го критикуваа Кристијано Роналдо што не дојде на погреб...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg