Пропаста на фудбалската легенда Марадона: Ја заврши кариерата поради дрога, умирал во агонија
- Детали
- сабота, 29 ноември 2025
Диего Марадона почина од инфаркт, но последните денови од животот му биле ужасни поради медицинскиот тим кој требало да се грижи за него. Наместо да му помогнат, тие го третирале како животно и беа обвинети дека имаат удел во неговата смрт.

Фудбалската легенда Диего Марадона почина пред пет години, а неговата ненадејна смрт само ги стави во фокус многуте проблеми со коишто се соочуваше.
Роден во 1960 година, Аргентинецот се сметаше за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Тој беше инспирација и за многу нови генерации фудбалери, вклучувајќи го и Лионел Меси.
Но, приватно, Марадона имаше проблеми со зависност од дрога – нешто што честопати го засенуваше неговиот талент.
Во 1994 година, доби забрана да игра на Светското фудбалско првенство поради позитивен тест за дрога и оттогаш како да почна неговата пропаст.
Почина во 2020-та, на 60-годишна возраст од инфаркт, додека закрепнувал од операција на мозокот.
По смртта, неговите негуватели и медицинскиот тим беа обвинети дека не воделе добра грижа за него и дека можеле да ја спречат неговата смрт.
Годинава почна и судење, во кое беше откриено дека фудбалерот „бил третиран како животно од луѓето кои биле платени да се грижат за него“.
Детали за пропаста на Марадона:
Имаше проблеми со зависност уште додека играше
Проблемите со зависност на Марадона почнале уште додека беше активен на фудбалскиот терен.
Негова зависност првпат дојде во фокус во 1991 година, кога доби 15-месечна забрана за играње по позитивен тест за дрога.
Следната година беше уапсен за поседување и продавање дрога, па доби уште 12 месеци забрана.
Фудбалерот продолжи да игра сè до 1994 година, кога доби позитивен тест за пет забранети супстанции пред Светското фудбалско првенство.
Тогаш му забранија да учествува на првенството, доби 15-месечна забрана за играње, а помина и неколку недели во клиника во Шведска.
Но, ни ова не помогна.
