Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години по несреќата?
Низ годините, поранешни колеги на Шумахер честопати се присетуваат на него.
Некои велат дека знаат дека никогаш повеќе нема да го видат, но сепак истакнуваат дека ја почитуваат одлуката на неговото семејство да се држи настрана од јавност.
Има ли можност Шумахер повторно да застане на нозе?
Моментално Шумахер се наоѓа во неговиот дом во Швајцарија, а според некои извори, добива 24-часовна нега од професионалци.
Наводно, тој не може да оди, ниту да зборува и е целосно зависен од негата на професионалците.
Низ годините се појавувале гласини дека Шумахер бил свесен, дека можел да препознава некои луѓе, па и дека можеби состојбата му се подобрува.
Но, сето ова се само шпекулации, па не е познато дали тој воопшто е свесен или не.
Впрочем, семејството на Шумахер, поготово неговата сопруга Корина не дозволувала ни неговиот поранешен менаџер да го посети.
Сепак, по долгото молчење, во 2025 година се дозна дека Шумахер симболично учествувал во добротворна аукција.
Со помош на сопругата, потпишал шлем кој бил продаден на аукција, а парите биле донирани во истражувања за Алцхајмерова болест.
Покрај тоа, во април 2025-та, Михаил наводно го напуштил домот во Швајцарија за да ја запознае неговата прва внука, Мили.
Овие настани од минатата година даваат надеж за Шумахер, но и покажуваат дека неговото семејство наоѓа начин да го вклучи во настани што него му значат.
Сопругата и ќерка му споделија фотки за Божиќ
На 25-ти декември 2025-та, Корина Шумахер и нејзината ќерка споделија фотки од божиќната прослава.
Тие прославиле на семејниот ранч во Тексас, САД, а се претпоставува дека со нив бил и Шумахер.
Објавата беше важна за фановите на Шумахер, бидејќи неговото семејство ретко споделува интимни моменти онлајн.
Спирова С. | Црнобело
