Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години по несреќата?
- Детали
- недела, 04 јануари 2026
12 години по трагичната несреќа, сопругата на Михаел Шумахер е посветена на тоа да ја заштити приватноста на некогашниот возач на Формула 1. Сепак, годинава се дозна дека го напуштил домот во Швајцарија за да ја запознае внуката, но не е познато дали е свесен и дали ги препознава саканите.

На 29-ти декември 2025-та се одбележаа 12 години од скијачката несреќа на Михаел Шумахер.
Трагедијата целосно го промени животот на поранешниот Формула 1 возач и ако некогаш беше меѓу најпознатите возачи, денес никој не знае ни во каква состојба е.
На 29-декември 2013 година, Михаел, заедно со семејството беше на скијање на француските Алпи.
Шумахер сакал да му помогне на пријател кога со скиите се спуштил низ област со карпи кои биле скриени под снегот.
Една од неговите скии се закачила и тој силно удрил во карпа со главата.
Иако носел шлем, ударот му создал сериозни повреди на мозокот.
Веднаш по несреќата Шумахер бил однесен во болница. Му била направена операција и поминал две недели во индуцирана кома.
Но, кога се разбудил, веќе не бил истата личност.
Семејството до денес крие детали за неговата состојба
Откако јавноста дозна за трагичната несреќа, семејството на Шумахер не открива ништо за неговата здравствена состојба.
Изминативе 12 години речиси и да нема новост за неговата состојба.
Секоја годишнина од несреќата, пак, е одбележана со молба од семејството да ја почитува приватноста на легендарниот возач.
Според она што е познато, семејството на Шумахер будно внимава и кој може да го види.
Наводно, само 20-тина луѓе имале пристап до него, од кои повеќето се медицински лица.
Во јавност нема никакви официјални изјави или фотографии што можат да откријат што било за него.
