Ги негираа гласините за неверство, па прославија влез на Аргентина во финале - Како сопругата на Меси застана во негова одбрана?
Сепак, гласините за аферата на Меси и Мартинез не се од сега.
Тие прво почнаа уште во 2022, кога Аргентина ја победи Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Тогаш новинарката му одржа емотивен монолог на Меси, велејќи дека ниеден резултат од големите турнири не може да го намали влијанието што тој го има врз Аргентинците.
По ова почнаа теориите дека тие имаат тајна афера.

Во интервју брзо потоа, Мартинез демантираше сè.
„Луѓето ме прашуваат ‘Ама што е со начинот на кој те гледа тој?’ и слично и јас се најдов во центарот на нешто што е смешно, што направи да се чувствувам глупаво и да морам да се објаснувам.
А гласините се само поради мојот пол - вакви шпекулации никогаш не се поврзани со мажите“, рекла таа по првите гласини за аферата.

За потсетување, низ годините неколкупати се појавуваа гласини за неверства на Меси, но тој стои цврсто покрај сопругата која ја знае уште од дете од родниот град Росарио.
Тие во 2012 станаа родители на Тијаго, во 2015-та се роди синот Матео.
Се венчаа во 2017-та во нивниот роден град, а следната година, во 2018-та го добија најмалиот син Сиро.

А. Ј. | Црнобело