Вознемирувачко видео: Лизгачка беше пресечена со сечилото од лизгалка на лице на ЗОИ - Се огласи од болница
- Детали
- сабота, 21 февруари 2026

На Зимските Олипмписки Игри се случи уште еден драматичен инцидент во четвртфиналето на 1.500 метри во брзо лизгање на кратка патека.

Полската натпреварувачка Камила Селиер водеше во својата група, но при борба за позиција во свиок изгуби рамнотежа и падна.
Во судирот, ножот од лизгалката на Американката Кристен Сантос-Грисволд ја исече над левото око. Паднаа и Сантос-Грисволд и Италијанката Аријана Фонтана, по што трката беше веднаш прекината.

Селиер неколку минути остана на мразот додека ѝ се укажуваше лекарска помош.
Организаторите поставија чаршаф околу неа, а потоа беше изнесена на носилки и пренесена во болница.

Според полските спортски медиуми, таа била свесна и покажала „палец нагоре“, но има сериозни исекотини и голем оток, а постои сомнеж и за скршеница на јаболчната коска.
Сантос-Грисволд беше казнета поради нелегално престигнување и не се пласираше понатаму, со што го заврши настапот без медал.

Фонтана се пласираше во финалето, но поради повреда заврши на петтото место.


Погледнете го видеото од несреќата - предупредување вознемирувачко е... ТУКА.
Kамила објави фотка од болница по несреќата и напиша:
„Знам дека еден ден, кога ќе ја погледнам оваа фотографија, ќе се потсетам дека сум посилна отколку што некогаш верував.
Ви благодарам за сите зборови на поддршка и само сакав да ве известам дека сум прилично добро... Благодарам!
С. С. | Црнобело
