Во општина Ѓорче Петров ФФМ официјално го пушти во употреба првиот фудбалски терен со вештачка трева

Фудбалската Федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за равој, а во соработка со институциите, денеска во општина Ѓорче Петров официјално го пушти во употреба, „Македонски Лавови“, првиот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување на десет  фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија.

vo-opstina-gjorce-petrov-ffm-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-prviot-fudbalski-teren-so-vestacka-treva

На свеченото отворање присуствуваше  председателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски,  директорот на агенцијата за млади и спорт, г-дин г. Марјан Спасески, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Сокол Митровски како и г-дин  Давид Патриашвили, претставник од УЕФА.

vo-opstina-gjorce-petrov-ffm-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-prviot-fudbalski-teren-so-vestacka-treva-2

Инвестициите во развој на фудбалската инфраструктура се клучни за развојот на фудбалот. Првиот терен на кој е инсталирана вештачка трева  е овој, во општина Ѓорче Петров, општина која прва ги заврши превземените обврски околу подготовката на подлогата за поставување на вештачката трева.  Со ова општината ја докажа својата посветеност кон спортот како поле каде треба да се докажуваат младите таленти. Ние во Фудбалската Федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите  категории, па сѐ до професионалниот фудбал. Со инсталирањето на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, а потоа и во останатите градови во Македонија ќе придонесеме многу повеќе млади луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови, што севкупно ќе значи популаризација нa фудбалот, и да се надеваме појава на многу нови фудбалски таленти, нешто што отсекогаш било наша одлика.

Нека нѐ обедини радоста што ја носи фудбалот - изјави председателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски на отворањето на првиот вештачки терен.

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ерлинг Халанд на модна ревија со девојката фудбалерка на Сицилија – издоминираа како моден пар Еден ден откако по Светското се врати во Норвешка со ракун и нова дизајнерска ча...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава