Кроксал победи во Финска и ја вжешти битката на замрзнатиот север

Фановите на екстремниот спуст на лизгалки (Ice Cross Downhill) во Финска беа почестени со драматична и жестока трка од Светското првенство Red Bull Crashed Ice, во вечерта која Канаѓанецот Скот Кроксал ќе ја памети по својата трета по ред победа во оваа земја. Со ова шампионатот се претвори во битка меѓу тројца фаворити, бидејќи Кроксал во чекор го следат Американците Максвел Дан и Камерон Неш.

kroksal-pobedi-vo-finska-i-ja-vzeshti-bitkata-na-zamrznatiot-sever-1.jpg

Јиваскила Лајис, Финска - Скот Кроксал од Канада во саботата беше неоспорен господар на тешката патека од природен мраз во студената Финска, победувајќи на втората трка од Red Bull Crashed Ice од оваа сезона и непосредно пред средината на сезоната го доведе шампионатот во напната битка меѓу тројца фаворити, него и Американците Максвел Дан и Камерон Неш, бидејќи тројца имаат по 1600 поени. Дан го зазеде второто место во две последователни трки додека Неш беше трет во вечерта која долго ќе се памети како многу возбудлива во трките Ice Cross Downhill кои изобилуваат со возбудувања и напната акција во речиси секоја трка.

Имаше протести, преминувања и фото завршници во оваа спектакуларна трка.

Кроксал, шампион од 2015 година, се врати во стил и лизгаше во своја посебна лига додека се спушташе по 630-метарската патека од мраз во Финска, земја која е посебна за него зашто тука се случи неговата трета по ред победа и доби 1000 поени за своето залагање.

- Вложив многу труд, ова е најдолгата патека во светот и сум среќен што повторно се враќам на подиумот,- рече Кроксал откако ги остави зад себе своите тројца ривали, кои се бореа жестоко за второт место на патеката и во полуфинлните и во финалните трки.

Ова бееше посебна ноќ на студениот север од Финска, една од најентузијастичките земји за овој спорт, со двајца локални тркачи - Мирко Лахти и Паво Клитруп - кои стигнаа до полуфиналето на навистина есктремната трка во Ice Cross Downhill. Финецот Лахти беше седми во генералниот пласман, а Клитруп беше осми.

Двајцата Финци го искористија своето интимно познавање на патеката и локалните услови за да ги испратат гледачите дома возбудени. Иако Кроксал доминираше во неговото полуфинале и во финалето, случувањата зад него за второ место беа напнати. Имаше чудесни престигнувања до крај. Неш, кој беше најбрз на пробните спустови во петокот, „заглави во сообраќајот“ зад Кроксал и беше присилен да се задоволи со третото место во незаборавната битка за место на подиумот.

kroksal-pobedi-vo-finska-i-ja-vzeshti-bitkata-na-zamrznatiot-sever-01.jpg

- Ова беше најдивата трка што сме ја имале,- рече Неш, кој дојде во Финска со пет победи во последните шест трки од Red Bull Crashed Ice почнувајќи уште од 2015 година. Во се` поконкурентните женски трки, Американката Аманда Трунзо имаше исклучително возење во финалето, извојува победа во напнатата борба и го презеде водството во шампионатот со 1800 поени, додека Камила Ојапало од Финска го освои второто, а Французинката Сандрин Ранжон третото место.

Резултати мажи: 1. Скот Кроксал (Канада), 2. Максвел Дан (САД), 3. Камерон Неш (САД) 4. Џон Фишер (Канада), 5. Марко Далаго (Австрија), 6. Ден Вити (САД), 7. Мирко Лахти (Финска), 8. Паво Клинтруп (Финска), 9. Тристан Дужерди (Франција), 10. Даниел Бергесон (САД).

Генерален пласман во светскиот шампионат - мажи: 1. Дан 1600 поени, 2. Кроксал 1600 поени, 3. Неш 1600 поени, 4. Далаго 1200 поени, 5. Вити 800 поени, 6. Дужерди 640 поени, 7. Бергесон 580 поени, 8. Фишер 536 поени, 9, Марк Тару (Естонија) 482, 10. Гијом Буве-Морисе (Канада) 479

Резултати жени: 1. Аманда Трунзо (САД), 2. Камила Ојапало, 3. Сандрин Ранжон (Франција), 4. Вероника Виндиш (Австрија), 5. Жаклин Лижер (Канада)

Генерален пласман во светскиот шампионат - жени: 1. Трунзо 1800 поени, 2. Лижер 1450 поени, 3. Виндиш 1110 поени, 4. Сидни О`Киф (САД) 960, 5. Ојапало (Финска) 930.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg