Херојот се враќа дома: Муроја атакува на „хет-трик“ во Чиба

Очекувајте лудило од „Јоши - манија“, зашто следната станица на Red Bull Air Race е во Чиба, Јапонија, четврта година по ред! На 26 и 27 мај, а Јошихиде Муроја за прв пат ќе лета на домашен терен откако беше крунисан за светски шампион. Додека супер - фановите од земјата полудуваат од возбуда, противниците на Муроја ќе дадат се од себе за да го спречат да слави победа на домашен терен по трет пат во низа.

herojot-se-vrakja-doma-muroja-atakuva-na-het-trik-vo-ciba-1.jpg

Чиба (ЈАПОНИЈА) – Ниту еден пилот во светското првенство насловено како Red Bull Air Race не е толку поврзан со тркачка патека, колку што е Муроја со Чиба: над 300.000 фанови дојдоа да го гледаат како лета над Токијскиот Залив во претходните сезони, а тој е единствениот меѓу натпреварувачите во 2018 кој победил на трка во овој пристанишен град. Во 2016, енергијата на толпата од Чиба го поттикна Муроја да ја освои својата прва победа во кариерата, а по повторниот тамошен триумф минатата година, третата победа би го направила прв пилот во историјата на спортот кој направил „хет-трик“ во својата земја.

Муроја исто така очекува уште една премиера во Чиба, неговата прва победа во 2018 година. Пилотот од Фукушима досега беше стабилен, но сепак треба да се покаже доминантен во одбраната на својата титула. Моментално јапонскиот херој е трет во генералниот пласман, пет поени зад лидерот Мајкл Гулијан од САД и само два зад Австралијанецот Мат Хол. Триото зад Муроја на табелата го сочинуваат: Матијас Долдерер (Германија), Мартин Шонка (Чешка) и Кирби Чемблис (САД), од кои сите имале позиција на подиумот во генерален пласман во минатото, а Германецот и Американецот исто така биле и светски шампиони.

herojot-se-vrakja-doma-muroja-atakuva-na-het-trik-vo-ciba-2.jpg

По Чиба, тркачките тимови ќе бидат на средина од календарот. Бидејќи нема јасен фаворит, групата од 14 пилоти е толку тесно наредена што нивните резултати беа со разлика од илјадити делови од секундата на претходната трка во Франција, па на трката во Чиба секој може да триумфира.

- Прогноза за резултатите во Чиба на крајот од мај? Невозможно е да се каже: Јоши Муроја ќе сака да се одмазди за некарактеристичното четврто место на претходната трка во Кан. Имаме и враќање кај Хол и Долдерер. Гулијан ќе сака да се врати на своите триумфални денови - и покрај сето тоа, не треба да се заборави силата кај ветувачките пилоти како Мика Бражо (Франција), Хуан Веларде (Шпанија), Пит Меклеод (Канада) и Мартин Шонка,- вели пензионираниот трикратен светски првак, Пол Боном, кој е единствениот пилот покрај Муроја што победил на трка во Чиба. - Чемблис сигурно ќе сака да се врати во игра по испаѓањето во првиот круг во Франција, и тој ќе ги предводи останатите пилоти кои ќе бркаат пласман, а тука е и можноста за ветар од Токискиот Залив што најчесто доведува до казни. Единство е загарантирана возбудата!

Нема друга трка како таа во Чиба: Билетите за Red Bull Air Race 2018, меѓу кои и местата меѓу супер-фановите во Јапонија, се веќе во продажба. На веб страницата www.redbullairrace.com ќе можете да ги следите директните преноси, и тоа в сабота од 9 часот наутро по средноевропско време (квалификации), додека в недела возбудата почнува во 7 часот наутро (прва рунда на елиминации), додека втората рунда е во 9 часот, по што ќе следи и дуелот на најдобрите четири пилоти од „Мастер“ класата, наречен „Фајнал 4“.

herojot-se-vrakja-doma-muroja-atakuva-na-het-trik-vo-ciba-3.jpg

КАЛЕНДАР 2018:

  • 2/3 февруари: Абу Даби, ОАЕ
  • 20-22 април: Кан, Франција
  • 26/27 мај: Чиба, Јапонија
  • 23/24 јуни: Будимпешта, Унгарија
  • 25/26 август: Казан, Русија
  • 00/00 септември: Виенер Нојштад, Австрија
  • 06/07 октомври: Индијанаполис, САД
  • 00/00 ноември: дополнителна локација

Фото: Jason Halayko/Red Bull Content Pool; Samo Vidic/Red Bull Content Pool

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg