Осмото светско чудо – дали Мерцедес Бенз стадионот во Атланта е најдобриот во светот?


Осмото светско чудо – дали Мерцедес Бенз стадионот во Атланта е најдобриот во светот?

Мерцедес Бенз стадионот во Атланта е архитектонски проект, дело на: HOK, tvsdesign, Good Van Slyke Architecture, и Stanley Beaman & Sears.

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot-01.jpg

Овој стадион е единствениот спортски објект кој го има добиено највисокото признание за енергетски одржливи објекти, престижната платинеста LEED награда за одржлива архитектура.

Има многу што да се каже за овој стадион, но она што прво доаѓа до израз е неговиот уникатен систем за собирање на кровот во вид на бленда од фотоапарат.

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (1).jpg

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (3).jpg

Овој систем на затворање и отворање на кровот обезбедува лесно проветрување на објектот со помош на едноставна вентилација, а во исто време заштита на теренот доколку дојде до лоши временски услови.

Според дизајнерите, овој систем на кровот е инспириран од изгледот на античкиот римски Пантеон, којшто исто така има кружен отвор на врвот на куполата.

Осумте триаголни делови коишто го затвораат кровот се изработени од челична конструкција покриена со надувани перници од етилен тетрафлуороетилен пластика којашто е провидна. Овие триаголници се движат напред-назад по шини креирајќи илузија дека се вртат додека се отвора кровот, исто како блендата на фотоапаратите.

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (4).jpg

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (5).jpg

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (6).jpg

Она што му ја донесе престижната награда за „зелен“ објект на овој стадион се работите коишто не ги гледаме.

Целиот стадион е опремен со ЛЕД осветлување, а дури и екраните коишто се простираат на целиот обрач на кровот се исто така ЛЕД, што ја намалува потрошувачката на електрична енергија.

На паркингот има голем број на паркинг места со станици за полнење на електрични автомобили.

Стадионот може да собере дури 71.000 гледачи. Кровот и фасадите се делумно покриени со соларни панели коишто покриваат дел од потрошувачката на стадионот. Така овој стадион троши дури 29% помалку енергија отколку други стадиони со сличен капацитет.

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (8).jpg

Dali-Mercedes-Benz-Stadionot-e-najdobriot-vo-svetot (7).jpg

Ова значи дека со помош на соларните панели и добро смислената вентилација, стадионот може да обезбеди енергија за 10 фудбалски натпревари.

Исто така стадионот со помош на систем за дренажа и собирање на дождовната вода, може да собира вода во сопствени резервоари и на тој начин троши дури 47% помалку вода од други стадиони.

Заради сите овие причини стадионот е одбран за домаќин на престижниот Супербол натпревар во Февруари 2019 година, а најверојатно ќе биде домаќин и на неколку натпревари на светското првенство во фудбал во 2026 година.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тајната која родителите на Новак Ѓоковиќ ја криеле цели 17 години од него: „Тој немаше поим што се с... „Тоа не траеше две или три, туку цели 17 години. Се селевме од стан во стан. Тој...
Херој на денот: Капитенот на Данска прв му укажа помош на Ериксен, па отиде да ја утеши неговата дев... Во моменти на шок, капитенот на Данска прв се сети да му го извади јазикот на Ер...
Јаде од тревата на теренот, си зборува сам со себе - интересни факти за Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во светот. Иако како мал сакал скија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg