„Отидов во полутанга тексас шорцеви во супермаркет, ме исфрлија затоа што бев многу секси“

„Луѓето ме гледаа со предрасуди, други ме навредуваа и на крај бев исфрлена. Ви се верува ли? Се чувствував навредено од таа омраза која беше упатена кон мене. Мислам дека сите овие навреди доаѓаат од ‘фобијата од сексапилни жени’...“, вели Керолај Чејвс (21) од Бразил.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-01.jpg

Керолај Чејвс (21) од Бразил е девојка која за себе тврди дека работи како модел, а сега откри дека се соочила со непријатна ситуација во локален супермаркет во Бразил.

Таа вели дека поради „непристојната облека“ била исфрлена оттаму.

Керолај во таа ситуација носела прекуси тексас шорцеви и кроп-топ, а од својот стајлинг сподели фотографија и на Инстаграм.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-03.jpg

Таа вели дека додека си ја туркала количката вработените во маркетот ѝ пристапиле и ѝ кажале дека нејзиниот аутфит открива премногу.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-02.jpg

„Луѓето ме гледаа со предрасуди, други ме навредуваа и на крај бев исфрлена. Ви се верува ли?

Јас мислам дека е апсурдно што жените уште се третирани на овој начин, само поради тоа како се облечени.

Се чувствував навредено од таа омраза која беше упатена кон мене. Мислам дека сите овие навреди доаѓаат од ‘фобијата од сексапилни жени’, која ја гледам секој ден“.

otidov-vo-polutanga-teksas-shorcevi-vo-supermarket-me-isfrlija-zatoa-shto-bev-mnogu-seksi-04.jpg

Некои од следбениците ја поддржаа Керолај, но други ја осудија и ѝ прокоментираа: „Навистина нема потреба да одиш во супермаркет така облечена“, „Им правиш непријатно на чесните луѓе кои со своите деца отишле во супермаркет“ итн.

Што мислите вие за нејзиниот аутфит?

На следната страница повеќе фотографии од провокативната Керолај...



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Ги обвини родителите за силување, ја приморувале на ритуали: Ќерка на израелска политичарка пронајде... „Почнувајќи од возраст на две и пол години, моите родители ме носеа на педофилск...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
„Бев маскиран во шеќерна трска на настапот на Бед Бани на Super Bowl - се пријавив на оглас на ТикТо... Шеќерните трски на настапот на Бед Бани на полувремето на Super Bowl се меѓу нај...
„Ќерка ми беше жртва на булинг и си го одзеде животот – ми се закануваа со затвор кога не ја испраќа... „Многу се измачуваше со малтретирањето кое доаѓаше од сите страни. Ја задеваа, ј...

Најчитани неделава