Хрватите во фустани, на Португалката нешто ѝ влезе во око, Французинката доби мече како Мистер Бин – Детали од отворањето на Евровизија 2023

Оваа година на Евросонг ќе настапат претставници на 37 земји.

Од нив 15 ќе пеат во првото полуфинале, а 16 ќе се натпреваруваат во второто.

Screenshot_2023-05-07_165815_copy.jpgфото: YouTube

По 10 најдобропласирани земји од двете полуфиналиња ќе пеат во финалето, на 13 мај 2023, заедно со претставниците на Украина, кои победија лани, и претставниците од големата петорка – Германија, Италија, Франција, Велика Британија и Шпанија.

Организаторите најавија дека во првото полуфинале, што ќе се одржи на 9 мај (вторник), музичко шоу ќе има Рита Ора, која ќе ги испее своите најголеми хитови.

Свој настап ќе имаат и украинската пејачка Алјоша, која ќе пее во дует со Британката Ребека Фергусон.

Screenshot_2023-05-07_165559.jpgфото: YouTube

На второто полуфинале, кое е на 11 мај 2023 (четврток) од 21 часот ќе пеат украински музичари – Марија Јамичек, диџеј Отој и 14-годишната Злата Ѕиунка која ја претставуваше Украина на Јуниор Евровизија.

Македонија оваа година нема свој претставник.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Одбија да ја пеат химната пред натпревар во Австралија: Каква казна ги очекува фудбалерките од Иран ... Минатата недела, неколку жени од иранскиот фудбалски клуб одбија да ја пеат химн...
Најубавата учесничка на Евровизија заради болест учела одново да зборува и пее – Австралијката крие ... Ја сметаат за најубава учесничка на Евровизија, а многумина прогнозираат дека то...

Најчитани неделава