Стана најмладата милијардерка во светот со измами, доби 11-годишна казна затвор: Лудата приказна на Елизабет Холмс
Неколку американски клиники потпишаа и договор со фирмата на Елизабет за користење на нејзината технологија за тестирање крв.
Околу 2011-та, Елизабет беше прогласена за најмладата милијардерка која сама го стекнала богатството. Нејзиното богатство се проценуваше на околу 4,5 милијарди долари.
Но, Елизабет продолжила да биде таинствена за она што се случува во компанијата, па јавноста почна да се сомнева.
Поранешни вработени на Елизабет почнаа да изјавуваат дека нејзината технологија има многу недостатоци. Подоцна и експерти од областа почнаа да ги искажуваат своите сомнежи.
До 2015-та, Американската федерација за храна и лекови почна да го истражува случајот.
Набрзо потоа се дозна дека револуционерната технологија на Елизабет воопшто не дава точни резултати. Поради ова, во нејзините лаборатории примероците крв биле тестирани на истите машини што ги користат сите лаборатории за тестирање. Машини направени од потполно други компании, а не Theranos.
Но, наплаќале многу поголема сума од тогаш постоечките лаборатории за тестирање.
Што значи, Елизабет ги заработила своите милијарди преку измами.
До 2016-та, Елизабет се соочи со многу тужби, па доби 2-годишна забрана за работа во таа сфера.
Во 2018-та, фирмата речиси целосно се распадна.
Истата година беше докажано дека Елизабет собрала стотици милиони долари од инвеститорите преку лаги и измами.
Според обвинителите, меѓу другото, Елизабет свесно ги лажела пациентите за тестовите, додека на инвеститорите не им ја кажувала вистината за перформансот на фирмата.
Покрај тоа, иако Елизабет не продала ништо од акциите на фирмата, ги користела парите на инвеститорите за да живее во луксуз.
На крај, по неколку судења и бројни сведочења, Елизабет беше прогласена за виновна по неколку точки.
На 30-ти мај 2023-та, таа почна да ја отслужува 11-годишната казна затвор во Тексас.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





