Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дечко од Данска ги посетил сите држави во светот за 10 години (без авион) - бил и во Дојран и Валандово

Во период од 10 години, Данецот Тор ги посетил сите држави во светот без авион. Во 2017-та беше и во Македонија, а според објавите на Инстаграм, не останал рамнодушен на нашата кујна. Неговото патување почнало во октомври 2013-та, а завршило пред околу еден месец.

danec-gi-posetil-site-drzhavi-vo-svetot-za-10-godini-bez-avion-voodusheven-e-od-makedonskata-hrana-foto-01.jpg

Тор Педерсен од Данска 10 години бил на пат околу светот. Почнувајќи од октомври 2013-та, тој ја посетил секоја држава во светот, и тоа без ниту еден авионски лет.

Данецот патувал со возови, автобуси и бродови и на почетокот сметал дека за овој подвиг ќе му бидат потребни околу четири години. Но, поради пандемијата, но и проблеми со документи во некои држави, Тор се вратил дома дури годинава, односно авантурата му траела 10 години.

Тој го заврши епското патување минатиот месец, кога пристигна со брод на Малдиви. Оттаму треба да се врати во родната Данска.

„Сфатив дека ниту еден човек во историјата ги нема посетено сите држави во светот без авион, па си помислив дека можеби јас ќе имам можност да направам нешто неверојатно. Идејата беше да патувам со јавен превоз секогаш кога е возможно“.

Тор поминувал најмалку 24 часа во секоја држава, а истакнува дека целата авантура повеќе наликувала на маратон отколку патување.

„Голем дел од времето минував на автобуси и возови. Најдолгото возење со автобус траеше 54 часа во Бразил. Најдолгото возење со воз беа пет дена во Русија.

Уживав и 27 дена на брод кои ми дадоа време да читам и да вежба. Тоа беше убаво патување“.

Тор го финансирал патувањето со донации, имал и спонзор, а вели дека имал скромен дневен буџет – околу 20 евра дневно.

Околу една година пред да тргне на незаборавната авантура, Тор се венчал со сопругата Ле. Па, таа трпеливо го чекала десет години да се врати.

Сепак, во овој период успеале да се видат 27 пати – Ле отишла да го посети во неколку држави, вклучувајќи ги Судан, Австралија и Хонгконг.

Иако Тор е пресреќен за подвигот, вели дека му е криво што изгубил драгоцени мигови со сопругата, но и со родителите.

„Пред да заминам, татко ми беше загрижен за мојата кариера. Мислеше дека потоа никој нема да ме сфати сериозно кога ќе барам работа. Кога ѝ кажав на мајка ми, беше како да ѝ кажував дека ќе станам стоматолог – таа пак беше многу горда“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонија, Бангладеш: Фото-докази дека во светот владее урбан хаос Кога се гради неплански и прекумерно, резултатот е вистински хаос... Се согласув...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...
Шпанска актерка на 68 години со сперма од починатиот син и сурогат мајка доби внука - сега ѝ го прос... Ана Обрегон (70) има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм со кои споделува...
Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg