„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од која се разведува по 18 години

„Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам работата“ – рече во една пригода канадскиот премиер Џастин Трудо за неговата сопруга Софи, со која се разведе по 18 години брак. Таа важеше за најзгодната прва дама, а привлекуваа јавност со интимните фотки што ги објавуваа.

ja-mrazi-mojata-rabota-no-i-mene-zoshto-si-ja-sakam-rabotata-kanadskiot-premier-za-brakot-so-soprugata-od-koja-se-razveduva-po-18-godini-01.jpg

По 18 години брак, премиерот на Канада, Џастин Трудо, вчера (03.08) најави дека се разделува од сопругата Софи. Информацијата за нивната одлука изненади многумина, затоа што тие двајцата важеа за мошне складен пар.

„Здраво на сите. Јас и Софи би сакале да споделиме со вас дека по голем број тешки и значајни разговори, донесовме одлука да се разделиме.

Како и секогаш остануваме блиско семејство со многу љубов еден за друг и за сѐ што изградивме заедно.

За доброто на нашите деца, ве молиме да ја почитувате нивната приватност“ – порача тој на Инстаграм.

Парот во мај ја прослави 18-тата годишнина од бракот, а на Инстаграм тогаш сподели фотографија на која парот се држи за раце во камп возило и до која напиша:

„Секоја милја од ова заедничко патување е авантура. Те сакам Софи. Среќна годишнина“.

Нивната љубобна приказна отсекогаш привлекувала внимание, а во продолжение неколку интересни факти за нив што можеби не сте ги знаеле:

Џастин Трудо потекнува од политичка династија. Неговиот татко, Пјер Елиот Трудо бил премиер 15 години, а мајка му Маргарет Трудо била ќерка на премиер.

Тој и Софи се запознале додека биле деца. Таа била соученичка на најмладиот брат на премиерот, Мајкл, кој пoчинал во лавина во 1998-ма година.

ja-mrazi-mojata-rabota-no-i-mene-zoshto-si-ja-sakam-rabotata-kanadskiot-premier-za-brakot-so-soprugata-od-koja-se-razveduva-po-18-godini-02.jpg

Иако загубиле контакт, тие повторно се сретнале во 2003-та година, кога Софи работела како радио и ТВ репортерка.

Иако Џастин првично ја избегнувал и го игнорирал мејлот што таа му го пратила, сепак сосема случајно се виделе уште еднаш по што одлучиле да одат на состанок и да ја започнат љубовната приказна.

„Се смеевме, се шегувавме и секако дека постоеше хемија меѓу нас. Сфатив дека тоа е личност со која треба да имам сериозни намери“ – рече во една пригода министерот и откри дека тогаш сфатил оти сака со неа да го помине целиот живот.

ja-mrazi-mojata-rabota-no-i-mene-zoshto-si-ja-sakam-rabotata-kanadskiot-premier-za-brakot-so-soprugata-od-koja-se-razveduva-po-18-godini-03.jpg

Парот се свршил една година подоцна, во 2004-та година, а се венчаа во 2005-та година во црквата Sainte-Madeleine d’Outremont во Монтреал.

ja-mrazi-mojata-rabota-no-i-mene-zoshto-si-ja-sakam-rabotata-kanadskiot-premier-za-brakot-so-soprugata-od-koja-se-razveduva-po-18-godini-05.jpg

Џастин во една пригода откри дека тој сакал да имаат 3 деца, а Софи не прифаќала, но сепак на крај му го исполнила сонот, па така денес тие се родители на Хавиер (16), Ела Грејс (14) и Хадриен (9).

ja-mrazi-mojata-rabota-no-i-mene-zoshto-si-ja-sakam-rabotata-kanadskiot-premier-za-brakot-so-soprugata-od-koja-se-razveduva-po-18-godini-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава