„Јас сум 38-годишна девица, а имам 25 деца“: Маж кој мрази секс, но обожава деца раскажа за своето уникатно искуство

„Речиси сите деца ме нарекуваат вујко, освен двајца што велат дека сум им кум, што е практично ист однос под друго име. Но, реално, јас сум вујкото, забавниот човек кој доаѓа и си игра со нив еднаш месечно. Некои семејства ми дадоа дозвола да ги посетувам и почесто, но се трудам да не го злоупотребувам тоа“, вели Дру Соленбергер.

jas-sum-38-godishna-devica-a-imam-25-deca-mazh-koj-mrazi-seks-no-obozhava-deca-raskazha-za-svoeto-unikatno-iskustvo-01.jpg

38-годишниот Дру Соленбергер има 25 деца, иако никогаш во животот немал секс. Тој е асексуална личност, но веќе 16 години донира сперма, а тоа довело до 25 успешни бремености.

Овој софтверски инженер од Мериленд, САД, сфатил дека не го интересира сексот кога имал 22 години. Тој нема ни романтична ни сексуална привлечност кон двата пола, а и покрај тоа уште од тинејџерските години сака да биде татко.

Откако неговата сестра родила бебе на 18 години, Соленбергер почнал да волонтира со деца.

„Сфатив дека навистина сакам деца. Единственo ми пречеше што волонтерството што го имав беше краткотрајно. Ќе се грижев за детето еден ден, ќе се вклучев во разни активност, а потоа детето ќе продолжеше со својот живот“, вели тој за Daily Mail.

jas-sum-38-godishna-devica-a-imam-25-deca-mazh-koj-mrazi-seks-no-obozhava-deca-raskazha-za-svoeto-unikatno-iskustvo-04.jpg

Тогаш Дру дознал за Known Donor Registry, веб-страница што поврзува семејства и неплодни парови со донатори на сперма. Тој се приклучил и на Фејсбук групата Sperm Donation USA.

Сега тој има редовен контакт со осум деца на чии родители им помогнал да „забременат“ и ги гледа еднаш месечно.

„Првично сакав многу контакт со децата. Но, се повлеков од тоа поради повеќе причини. Луѓето само ќе те лажат и ќе речат дека сакаат контакт, а не сакаат.

Затоа е подобро да ми кажат каков контакт сакаат и јас ќе го почитувам тоа, наместо да ми даваат лажна надеж и да ја рушат одново и одново“, вели тој.

jas-sum-38-godishna-devica-a-imam-25-deca-mazh-koj-mrazi-seks-no-obozhava-deca-raskazha-za-svoeto-unikatno-iskustvo-03.jpg

Соленбергер претходно за ABC20/20 изјави дека не сака да заработува од донирање на својата сперма.

„Би сакал да имам стандардно семејство. Но, за да го направам тоа, морам да се оженам, а јас решив дека нема да се женам, но сакав дете“, рече тој.

Дру откри дека децата обично го нарекуваат вујко или кум кога ги посетува.

„Речиси сите деца ме нарекуваат вујко, освен двајца што велат дека сум им кум што е практично истиот однос под друго име. Но, реално, јас сум вујкото. Јас сум забавниот човек кој доаѓа и си игра со нив, обично еднаш месечно.

Некои семејства ми дадоа дозвола да ги посетувам и почесто, но се трудам да не го злоупотребувам тоа, па одам само еднаш во месецот“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава