„Имам 53 години и танцувам на шипка – никогаш не сум се чувствувала посреќно, иако ме осудуваат“

53-годишната Кери е професионална танчарка на шипка. Додека многумина сметаат дека ова е несоодветна професија за жена на нејзина возраст, таа вели дека токму оваа професија ѝ помогнала да се чувствува убаво во своја кожа. Во минатото имала нарушувања во исхраната бидејќи сите ѝ велеле дека е премногу дебела за да танцува, но истакнува дека сега конечно го живее својот сон. 

imam-53-godini-i-tancuvam-na-shipka-nikogash-ne-sum-se-chuvstvuvala-posrekjno-i-posilno-01.jpg

Кери Бурнет, попозната под уметничкото име Кери Голд, има 53 години и има професија која за многумина е несвојствена за нејзината возраст.

Таа танцува на шипка, а вели дека нејзиниот живот почнал во 50-тите години од животот, односно кога почнала да ѝ се посветува на професијата.

Кери вели и дека никогаш не била во подобра форма, а танцувањето на шипка ѝ помогнало да ги надмине нарушувањата во исхраната што ги имала уште од младоста.

Таа има Инстаграм профил со над 13.000 следбеници, каде што споделува фотки и видеа од нејзините настапи.

Кери се заинтересирала за танцувањето на шипка додека одела во теретана каде што имало часови. Оттогаш се усовршила, па сега покрај што танцува, и самата е инструкторка.

„На 47-годишна возраст направив листа со работи што сакам да ги пробам, а отсекогаш сум сакала да научам да танцувам на шипка. Но, бев загрижена дека сум премногу стара.

Сепак, тоа беше првпат да се почувствувам добро одвнатре и однадвор. Сметам дека судбината ме однесе на овој пат не само да го излекувам моето тело (од нарушувањето во исхраната), туку и да се ослободам од целата негативност“.

Како што Кери станувала подобра танчарка, почнала и да настапува, а некогаш во настапите вметнува и стриптиз.

„На почетокот сакав да отидам само на еден час. Но, часот беше вистинско освежување и никој не ми судеше. Имаше жени со различна големина, па останав. И сега, на 53-годишна возраст, јас сум посилна од кога било.

Почнав и да настапувам, нешто што мислев дека никогаш нема да се случи кога почнав да одам на часови по танцување на шипка. Но, сега ова е мојата кариера и ми овозможува да патувам низ светот“.

Кери вели дека во младоста секогаш ѝ велеле дека е премногу дебела за да биде каква било танчарка. Ова, пак, ја натерало постојано да се грижи за тежината и да развие нарушување во исхраната.

„Отсекогаш ми било сон да бидам професионална танчарка, но ми велеа за да успеам ќе треба да ја јадам само зелка и да пијам само вода.

Се обидов со ова, но се изгладнував, па потоа се прејадував. Постојано мислев на тежината, сите ми зборуваа за тоа и сето ова имаше големо влијание врз мене“.

„Не знаев како да останам слаба освен да повраќам – тогаш се чувствував многу осамено.

Но, еден ден поминував покрај теретана и видов прекрасни жени со мускули и навистина им се восхитував. Беа толку самоуверени и го посакав истото за мене.

Па, почнав да одам во теретана и за првпат почнав да се чувствувам добро во своја кожа“.

Кери вели дека сега држи часови за почетници и сака да им помогне на жените да се чувствуваат убаво во свето тело, без разлика како изгледаат и без разлика на нивната возраст.

„Танцувањето на шипка е најтешкото нешто што го имам направено. Имам денови кога одморам, но во текот на целата недела или вежбам танцување или одам во теретана – на овој начин се справувам со моите демони“, додава Кери.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава