Не им давала храна, имале рани по телото – Која е јутјуберката од САД што беше уапсена за малтретирање на нејзините деца?

Јутјуберката Руби Франк од Јута, САД, се наоѓа во притвор откако едно од нејзините деца избегало од дома и побарало помош кај сосед. Детето било неисхрането, имало рани по телото, како и самолепливи ленти на екстремитетите, што значи било врзувано. Од соседот, кој повикал полиција, побарало храна и вода. Што знаеме за контроверзната јутјуберка?

ne-im-davala-hrana-imale-rani-po-teloto-koja-e-jutjuberkata-shto-beshe-uapsena-za-maltretiranje-na-nejzinite-deca-01.jpg

Руби Франк е инфлуенсерка и јутјуберка која имаше над два милиона претплатници на каналот на Јутјуб кој сега е избришан.

На каналот, што го направи во 2016-та, споделуваше видеа фокусирани на нејзиното семејство, односно сопругот Кевин и нивните шест деца – Шари (20), Чед (18), Аби (16), Џули (14), Расел (12) и Ив (10).

Контроверзиите за Руби се засилија годинава, па поради тоа таа го избриша каналот на Јутјуб.

ne-im-davala-hrana-imale-rani-po-teloto-koja-e-jutjuberkata-shto-beshe-uapsena-za-maltretiranje-na-nejzinite-deca-09.jpg

Руби и претходно се соочувала со критики од јавноста за нејзиниот начин на воспитување деца, но неодамна, на 30-ти август, (конечно) беше уапсена за малтретирање на нејзините деца.

Во 2020 година, синот на Руби – Чед – откри дека родителите го натерале седум месеци да спие на голема вреќа за седење.

Наводно, ова било казна бидејќи правел шеги на сметка на неговиот помал брат Расел.

ne-im-davala-hrana-imale-rani-po-teloto-koja-e-jutjuberkata-shto-beshe-uapsena-za-maltretiranje-na-nejzinite-deca-05.jpg

Откако изјавата на Чед ја разбранува јавноста, Руби и нејзиниот сопруг изјавија дека му ја „зеле“ детската соба и му дале опција да спие или на кауч што се спушта, на душек за на плажа или на вреќата. И, самиот ја избрал вреќата за седење.

Претходно, Руби беше критикувана бидејќи откри дека не ѝ дала ручек за на училиште на ќерка ѝ Ив која тогаш имаше шест години.

Девојчето го заборавило ручекот пред да тргне на училиште, а Руби сметала дека самата е виновна што тој ден ќе остане без храна.

„Ив има обврска самата да си прави ручек за на училиште наутро. Па, изгледа денес ќе биде гладна и надежно никој нема да ѝ даде храна“, изјави Руби во видео, истакнувајќи дека сакала да ја научи ќерка си да ги сноси последиците од нејзините постапки.

ne-im-davala-hrana-imale-rani-po-teloto-koja-e-jutjuberkata-shto-beshe-uapsena-za-maltretiranje-na-nejzinite-deca-07.jpg

Поради многуте вакви контроверзни видеа, неколку луѓе кои ѝ го следеа каналот потпишаа петиција за во нејзиниот дом да дојде социјална служба за заштита на деца.

Сепак, со ова не се постигна ништо, наводно бидејќи не биле најдени никакви докази дека Руби ги малтретира децата.

Ситуацијата кулминира на крајот од август годинава, кога едно од нејзините деца избегало.

ne-im-davala-hrana-imale-rani-po-teloto-koja-e-jutjuberkata-shto-beshe-uapsena-za-maltretiranje-na-nejzinite-deca-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg