Убил над 50 луѓе, телото на 12-годишно момче го фрлил во киселина - Почина озлогласениот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро

Останките на човекот кој беше познат како „последен шеф на италијанската мафија“, се заклучени во мртовечницата на затворот, а до нив никој нема пристап – ниту најблиските. Што знаеме за смртта на Матео Денаро Месина, кој почина само 8 месеци откако беше ставен во затвор и не го дочека судењето за смртта на повеќе од 50 лица, меѓу кои и 12-годишно момче?

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-01.jpg

Озлогласениот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, почина само осум месеци откако беше фатен од полицијата по 30 години бегство.

Денаро почина од рак на возраст од 61 година, во Италија беше познат како „последниот кум на мафијата“ или како „Ѓаволот“.

Според информациите објавени во италијанските медиуми, Матео починал во болницата на затворот L`Aquilla, каде бил хоспитализиран откако состојбата со ракот на дебелото црево значително му се влошила.

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-02.jpg

Тој последните осум месеци ги помина во затворска ќелија, а во петокот (22.09) паднал во кома. Се верува дека починал во текот на изминатиот викенд (23 – 24.09)

На посмртната постела со него била ќерка му Лоренца, внука му од сестра Лоренца Гутадауро и мајка му Лоренца Сантанџело.

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-11.jpg

Неговите посмртни останки биле преместени во мртовечницата на затворот во подземјето, а заради безбедносни причини ниту на неговите ќерка и внука не им е дозволено да имаат пристап до телото.

Се очекува прво да биде направена аутопсија, пред телото да му биде предадено на семејството за погреб.

По неговото апсење во делот на Кастелветрано, каде тој ‘владееше’ властите велат дека жителите можат конечно да дишат слободно без страв од озлогласениот шеф на мафијата.

75799491-12556453-Messina_Denaro_was_arrested_in_January_pictured_after_spending_3-a-1_1695622818574.png

Инаку, Денаро 30 години беше во бегство од полицијата, а се товареше дека извршил на 50 убиства, меѓу кои и на 12-годишно момче кое 2 години го чувал во заробеништво, а откако го задавил телото му го ставил во буре со солна киселина.

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-04.jpg

Се верува дека тој организирал повеќе смртоносни напади низ Италија, меѓу кои и врз обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, а организирал и напади со автомобили-бомби во Фиренца, Милано и Рим во кои починаа 10 лица, 93 беа повредени во 1993-та година.

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-08.jpg

Се верува дека откако беше уапсен на 16-ти јануари годинава, во приватна клиника во Палермо, Денаро не дал никакви информации за полицијата, а во затворот не барал посебен третман за болеста.

Набрзо по неговото апсење зад решетки се најде и сестра му Розалија, која е верува дека му помагала да ја води организацијата додека тој бил во бегство, а ќерката Лоренца, пак е адвокат и на вујко ѝ, но и на мајката.

nitu-kjerka-mu-i-vnuka-mu-ne-smeat-da-go-vidat-teloto-pochina-ozloglaseniot-shef-na-italijanskata-mafija-mateo-mesina-denaro-09.jpg

Денаро беше син на мафијаш, а на 15 години веќе почнал да носи огнено оружје со себеси. Се верува дека првото убиство го извршил на возраст од само 18 години.

Прочитајте и Извршил 50 убиства, се криел 30 години – Уапсен главниот човек на сицилијанската мафиja „Коза ностра“, Месина Денаро

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...

Најчитани неделава