Родителите ја напуштиле бидејќи мислеле дека е проколната: Инспиративната приказна на најпознатиот албино модел

Ксуели е албино модел, а поради нејзината состојба родителите ја напуштиле уште додека била бебе. Но, и покрај тешките животни околности, младата девојка се проби на модната сцена и денес е можеби најпознатиот албино модел.

albino-devojka-01.jpg

Кога имала 11 години, Ксуели Абинг која потекнува од Кина, а живее во Холандија, решила да ја искористи убавината и тоа што била поразлична од другите деца, па влезе во светот на модата.

Досега Ксуели има позирано за магазинот Вог и има соработувано со најголемите светски фотографи и брендови во модната индустрија.

Албино девојката била напуштена уште како бебе од своите родители. Тие ја оставиле пред сиропиталиште, поради старо кинеско верување дека албинизмот е проклетство.

Не оставиле никакви податоци за неа, па Ксуели не знаела ниту кога ѝ е роденден.

Но, откако се здобила со повреда на раката и морала да направи рендгенска снимка, лекарите успеале да ѝ ја утврдат возраста. Денес Ксуели има 17 години.

Три години откако родителите ја напуштиле, Ксуели била посвоена од семејство од Холандија каде се преселила и започнала нов живот.

Нејзината нова мајка дала сè од себе да ја воспита и да ѝ ја даде мајчинската љубов која ѝ недостасувала.

„Персоналот во сиропиталиштето ме викаше Ксуе-Ли. 'Ксуе' значи снег, а 'ли' значи убава. Откако бев посвоена отидов да живеам со мајка ми и сестра ми во Холандија.

Мајка ми рече дека не може да смисли посовршено име и смета дека е важно да се задржи таа референца на моите кинески корени.

Во манекенството се впуштив случајно, на 11 години. Мајка ми беше во контакт со дизајнерка од Хонгконг. Нејзиниот син имаше расцеп на усна, поради што таа реши да му дизајнира многу модерна облека за луѓето да не 'зјапаат' во неговата уста.

Таа ја нарече кампањата 'Совршена несовршеност' и ме праша дали сакам да бидам дел од нејзиното шоу во Хонгконг. Тоа беше неверојатно искуство“, има изјавено Ксуели.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...

Најчитани неделава