„Бев сурогат мајка за пар кој не може да има деца – со парите купив куќа за мене и ќерка ми“

„Среќна сум што им помогнав. Не се поврзав со детето како со мојата ќерка - повеќе се чувствувам како да му бев дадилка“, открива 27-годишна жена која работи како медицинска сестра во клиника за плодност и неодамна родила бебе за друг пар.

bev-surogat-majka-za-par-koj-ne-mozhe-da-ima-deca-so-parite-kupiv-kukja-za-mene-i-kjerka-mi-01.jpg

Сурогат мајчинството е веќе популарна опција за паровите кои не можат да имаат деца, а можат да си го дозволат скапиот процес.

Тели Кели од Денвер, САД, има 27 години и работи како медицинска сестра, а решила и самата да стане сурогат мајка.

Тели, која е самохрана мајка, вели дека со сурогат мајчинството не само што му помогнала на пар кој не можел да има деца, туку успеала да купи куќа за неа и ќерка ѝ.

Тели работи како медицинска сестра во клиника за плодност и вели дека навистина сака да им помага на луѓето.

„Желба ми е да им помагам на другите. Веројатно и затоа одбрав кариера како медицинска сестра.

А, бидејќи работам во клиника за плодност, секој ден гледав луѓе кои не можат да имаат деца“.

Тели долго време размислувала дали да стане сурогат мајка, а се одлучила по искуството со пациентка која имала четири спонтани абортуси.

„Седев со пациентката откако ѝ кажаа дека имала уште еден спонтан абортус и го изгубила бебето. Пробав да ја утешам додека плачеше.

Во тој момент одлучив дека треба да бидам сурогат мајка, дека со тоа можам да му помогнам на некој да добие дете“, вели таа.

Тели почнала да истражува кон крајот на 2022 година и вели дека интервјуирала над 10 агенции за сурогат мајки пред да донесе крајна одлука.

Агенцијата што ја избрала ја споила со семејство и таа им родила здраво момче во декември 2023-та.

Таа открива и дека навистина се зближила со семејството.

„Тие се прекрасни луѓе и додека бев бремена, навистина станавме блиски пријатели“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава