Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар?

Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седмата деценија од животот, но и понатаму се атрактивни и згодни.

go-ispeaja-evroviziskiot-hit-bandido-vo-1990-godina-sestrite-salazar-i-vo-sedmata-decenija-izgledaat-neodolivo-01.jpg

Пред 34 години отпеаја еден од најголемите евровизиски хитови.

Со сигурност сите ги паметите сестрите Антонина (61) и Енкарна Салазар (63) од групата „Azucar Moreno“, кои врвот во својата кариера го доживеаја на Евровизија 1990 година во Загреб, претставувајќи ја Шпанија со песната „Bandido“.

Песната која го освои петтото место на Евровизија се пее и денес, а двете сестри иако ја газат седмата деценија од животот и понатаму изгледаат атрактивно.

go-ispeaja-evroviziskiot-hit-bandido-vo-1990-godina-sestrite-salazar-i-vo-sedmata-decenija-izgledaat-neodolivo-11.jpg

Нивниот настап ќе остане запаметен поради техничките проблеми кои ги имале и поради кои морале на сцена да излезат 2 пати.

Сестрите Салазар се првите пејачки во Шпанија кои го искомбинирале своето ромско потекло и традиционалниот „кантаора“ начин на пеење со урбаниот денс ритам.

Родени се во Бахахоз, а детството го поминале во Мадрид.

go-ispeaja-evroviziskiot-hit-bandido-vo-1990-godina-sestrite-salazar-i-vo-sedmata-decenija-izgledaat-neodolivo-07.jpg

Во 1982 година започнале да настапуваат заедно со нивните браќа Енрике Салазар, Хуан Салазар и Хозе.

Од 1984 година, продале повеќе од три милиони албуми и синглови во Шпанија, а во деведесеттите станаа познати во остатокот од Европа, Латинска Америка и САД, со продадени над 12 милиони албуми.

go-ispeaja-evroviziskiot-hit-bandido-vo-1990-godina-sestrite-salazar-i-vo-sedmata-decenija-izgledaat-neodolivo-12.jpg

Во 2007 година Антонина соопштила дека дуото ќе паузира со работа, бидејќи на  Енкарна ѝ била дијагностициран рак на дојката.

Иако отсекогаш биле мета на трачеви поради нивните лични несогласувања, сестрите и денес настапуваат заедно.

Повеќе нивни фотографии погледнете на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...

Најчитани неделава