16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
- Детали
- четврток, 18 декември 2025
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за опстанокот на своето семејство... Срцето боли кога ги гледаме овие сцени од сиромашните делови во Мумбај, а, за жал, на слични такви сцени со нечистотија и сиромаштија наидуваме и во градовите низ Македонија.

Животот во некои делови од светот е на моменти суров и хаотичен, а таков е и во Мумбај, Индија.
Во овој град коегзистираат екстремно богатство и длабока сиромаштија, модерни облакодери веднаш до импровизирани населби.
Улиците се бучни, хаотични и полни со живот, со луѓе, животни, сообраќај, бои и мириси.
Во сиромашните делови од овој град луѓето работат напорно, често во тешки услови, но со силна посветеност и способност да се приспособат.
Морето, монсунските дождови, загадувањето и пренаселеноста се дел од секојдневието.
Фотографот Шант Кумар преку својот објектив ја доловува атмосферата во овој град.
Животот во Мумбај преку неговиот објектив:
Фармерки се сушат над улица, секојдневие во Мумбај.

Дете минува покрај купишта пластичен отпад на плажа – морето го враќа она што го фрламе.

Дете следи онлајн настава лежејќи на улична бариера.

Продавачка на балони на плажа.

Улично бричење како дел од религиозен ритуал.

Момчиња се одмораат на душек поставен на дрво, бегајќи од жештината.

Собирачка на отпад собира пластика на загадена плажа во Мумбај.

Човек минува низ урнатини по разорна плима во крајбрежна населба.

Работник излегува од канал – доказ дека рачното чистење сè уште постои.

